Ден по мислењето на Меѓународниот суд во Хаг ситуацијата во Косовска Митровица е мирна

Приштина, 23 јули 2010 (МИА) - Ден по искажаното мислење на Меѓународниот суд во Хаг дека едностраната независност на Косово не го прекрши меѓународното право, ситуацијата во северниот дел на Косовска Митровица е мирна, соопшти Танјуг.

Капетанот на косовската полициска служба Нусрет Мехмети за Танјуг изјави дека денеска во регионот на Митровица е во сила оперативен план за зголемување на степенот на готовност во заедничките градски зони со цел да се зачува јавниот ред и мир.

-Ноќта во регионот на Митровица мина мирно и не беше регистриран ниту еден инцидент. И денеска во сила ќе биде засиленото полициско присуство во регионот и во зависност од ситуацијата ќе се зголемува бројот на членови на косовската полициска служба на теренот, изјави Мехмети.

Освен косовската полиција, и војници на КФОР се разместени на неколку места во заедничките градски зони, во кои освен Срби живеат и Албанци.

На главниот мост на реката Ибар, што го дели северниот од јужниот дел на градот, се разместени неколку возила на ЕУЛЕКС и Косовската полициска служба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...