Хрватска оваа недела ќе направи голем чекор кон ЕУ

Лондон, 7 јуни 2011 (МИА) - Хрватска ќе направи голем чекор на патот кон членството во Европската унија, кога оваа недела ќе добие одобрение од Европската комисија за нејзината кандидатура со евентуален датум за прием на 1 јули 2013 година, пишува лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“.

- Сега Загреб има потреба од едногласна поддршка на сите 27 членки на Унијата, иако некои од нив се резервирани во однос на новото проширување поради должничката криза на некои земји од еврозоната и евентуалните промени за слободно патување во Шенген зоната, нагласува весникот.

Конечната внатрешна спогодба за прием на Хрватска во ЕУ може да биде готова пред датумот за кога е закажан самитот на Унијата, на 23 јуни, односно неколку дена пред истекот на претседателскиот мандат на Унгарија, која силно го поддржува интегрирањето на Хрватска во ЕУ.

Според весникот одредувањето од страна на Брисел на датум за прием на Хрватска две години порано значи дека ЕК очекува дека ќе добие согласност од сите 27 земји-членки, ако не до 23 јуни, тогаш во следните неколку месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...