Србите не планираат да ги блокираат ЕУЛЕКС и КФОР

Косовска Митровица, 28 септември 2011 (МИА) - Српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ изјави синоќа дека Србите не планираат да ги блокираат ЕУЛЕКС и КФОР, туку косовските цариници и косовската погранична полиција.

Богдановиќ по посетата на шестмината тешко повредени Срби, кои се сместени во болницата во Косовска Митровица, го повтори барањето косовската царина и полиција да ги напуштат административните премини во северниот дел на Косово.

Тој нагласи дека не може да се дозволи со насилство да се инсталира државност на северно Косово.

Богдановиќ додаде дека Србите изминатите недели на мирен начин ги бранеле своите легитимни интереси.

Според него граѓаните кои протестирале денеска доживеале мисијата, која е задолжена да се грижи за безбедноста на сите да пука кон невооружените граѓани. 

- Таквиот вид на насилство и отворањето оган кон невооружени граѓани се неприфатливи, рече Богдановиќ, коментирајќи го настанот на преминот Јариње, каде шестмина Срби беа тешко повредени, а еден полесно.

Во немирите на овој премин во северно Косово вчера беа повредени и четворица војници на КФОР.

Шефот на белградскиот тим за дијалог со Приштина, Борко Стефановиќ денеска треба да ги продолжи разговорите за ситуацијата во северно Косово со посредникот во дијалогот Роберт Купер и претставникот на Стејт департментот Филип Рикер, кои почнаа синоќа.

Пред почетокот на состанокот синоќа Стефановиќ изјави дека единствена тема на разговорите во Брисел ќе биде ситуацијата на премините Јариње и Брњак и обидите преку дијалог со меѓународната заедница да се реши тој проблем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...