НАТО е „длабоко вознемирен“ од насилството во Северно Косово

Брисел, 1 декември 2011 (МИА) - НАТО соопшти дека е „длабоко вознемирен“ од насилството во Северно Косово, во кое припадници на Алијансата повеќе пати се повредувани од косовските Срби, кои протестираат на граничните премини, повикувајќи ја Србија да направи напори за воспоставување мир и спокојство.

- Многу сме вознемирени од настаните во последно време во северниот дел на Косово, кои продолжуваме да ги следиме внимателно, се наведува во декларација на амбасадори на НАТО, објавена по средба во Брисел со претставници на земјите кои учествуваат во силите на Алијансата на Косово (КФОР).

Етничките Срби во Северно Косово поставија барикади за да ја спречат косовската Влада да преземе контрола врз двата гранични пункта кон Србија, согласно постигнатиот договор во јули за време на преговорите, кои се водат под покровителство на ЕУ.

Војниците на НАТО неколку пати се обидуваа да ги отстранат барикадите, но откако при една од тие операции 30 од нив беа повредени од огнено оружје и рачно изработени бомби, српскиот претседател Борис Тадиќ предупреди дека тоа е „злобен круг од кој само екстремистите имаат корист и дека на овој начин не можат да се решаваат проблемите“.

НАТО ја поздрави изјавата на Тадиќ, но соопшти дека тоа „треба да биде поддржано со конкретни дејства“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...