Опасноста за враќање на визите е присутна

Стразбур, 15 декември 2011 (МИА) - Механизмот за враќање на визите по итна постапка во вонредни ситуации би можел да биде усвоен во првата половина на наредната година, вели Тања Фајон, член на Комисијата на ЕП за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања.

Според еврпратеничката од Словенија, за предлогот на Европската комисија за суспензија на безвизниот режим на половина година или на подолго време, веќе се дискутира подолго време меѓу Советот, Комисијата и Европскиот парламент.

Според неа, Европскиот парламент бара да има поголема улога во целата процедура кога ќе дојде до ситуација некоја земја-членка да побара суспензија на безвизниот режим, тоа да не се случи преку ноќ и да има механизми кои ќе спречат некоја земја да се послужи со овај механизам како политичко средство.

Во разговорот со дописникот на МИА од Стразбур, Тања Фајон вели дека сега се уште се преговара за деталите под кои услови една земја-членка ќе може да побара суспензија на визите.

- Јас мислам и очекувам дека во Европскиот парламент и во Комисијата за слободи, за извештајот ќе гласаме на почетокот на идната година и ако најдеме согласност со Советот, тогаш тој механизам ќе биде усвоен во првата половина на следната година, вели таа.

На прашањето дали постои реална опасност за земјите од Западен Балкан за суспендирање на безвизниот режим, Фајон за Дојче веле нагласува:

- Таа опасност постои од самиот почеток и посебно во околностите во кои се наоѓаме денес. Во ЕУ се чувствува популизмот и национализмот во време кога владите се борат со економската и финансиската криза. Оние кои бараат промена на Шенгенските права, кои би сакале промена на слободите на движење ги има сè повеќе и повеќе, поради сето ова е загрозен безвизниот режим.

Фајон, која беше известувач на ЕП за безвизниот режим објаснува дека контролниот механизам во ЕУ веќе постои и ако некои земји уште денес побараат да се врати некоја земја на црната Шенгенска листа, тоа и сега може да се направи, но не на толку брз начин. Механизмот за кој сега се расправа, кога ќе биде усвоен, овозможува суспензијата да се случи за многу кратко време, бидејќи тоа е одлука со која не се менува регулативата и за тоа механизмот се нарекува суспензија на половина година.

На забелешката дека комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг, изрази критики за мерките кои ги спроведува Македонија и другите балкански земји за да ги спречат лажните азиланти да ја напуштаат земјата, како кршење на европската Конвенција за човекови права, која секому му гарантира право да ја напушти својата земја, европратеничката вели дека за тоа чувствително прашање се разговарало во Европскиот парламент и дека е потребно да се делува со почитување на човековите права.

- Познато ми е дека властите веќе направиле повеќе позитивни чекори, но очигледно тоа не доволно. Поради тоа е потребна внимателноста и се разбира граѓаните треба да бидат свесни кои се ризиците ако тие ги кршат правата за слободно движење, не само за нив, туку за целата земја.

Важно е сите земји од Западен Балкан, посебно Македонија и Србија, каде проблемот е најголем, да направат се што е можно за да се спречат граѓаните да заминуваат и да ги кршат правилата за слободно движење. Потоа, да водат информативни кампањи и да ги заштитат своите граници и се разбира да соработуваат со земјите-членки кои имаат проблеми, како и со Европската комисија и парламент.“

Фајон понатаму вели дека европратениците редовно се информираат за бројот на барателите на азил од земјите од Западен Балкан, барања од кои најголемиот број се одбива.

- Тоа не се така алармантни бројки ако се стават во контекстот на сите имигранти кои доаѓаат во Унијата, но сеедно на тоа, опасноста постои, посебно во ситуација на  популизам и национализам, секоја бројка, па и кога не е алармантна, може да се искористи. Тоа понекогаш го чувствуваме, но тоа не е изговор за властите да ги спречат граѓаните слободно да се движат“ , завршува Тања Фајон во разговорот со дописникот од Стразбур.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...