kapital

Борисов рипна за Спаска Митрова – нови закани за блокади од Софија!

Катерина Синадиновска

Тазе - Бугарката Спаска Митрова која ги обвинува македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства повторно е актуелна. Одлуката на Врховниот Суд во Скопје дека за две недели треба да ја врати ќерката на поранешниот сопруг, ја натера Софија повторно да се сети дека во Митрова има материјал за закани кон Македонија и нашите евроаталантски аспирации.

Одлуката на македонскиот Врховен Суд да и се одземе старателството на Спаска Митрова за нејзината ќерка ја крена Бугарија на нозе. Судот дефинитвно пресече – во рок од две недели Митрова треба да ја предаде ќерката на поранешниот сопруг Воислав Савиќ , одлука што во Бугарија го погоди и лично премиерот Бојко Борисов. Агенцијата Фокус пренесува негова изјава во која тој вели дека како држава нема да го коментираат поединечниот случај на Спаска Митрова, но Бугарија ќе била многу стриктна кога се работи се приклучувањето на Македонија во Европската Унија. За Борисов случајот со Митрова е испит за дипломатијата:

„Во неколку инстанци судот во Македонија пресуди контра Спаска Митрова. Целата бугарска јавност се крена за нејзина поддршка. Љубовта е слепа, луѓето се венчаваат и се разведуваат. Ние како држава, тешко можеме да го коментираме судот и неговото решение. Крајно ми е непријатно да коментирам посебна тема или случај. Нема да го поврзувам оовј случај со нашиот став во однос на македонските интеграции, но Бугарија ќе биде многу исклучива во оценувањето на критериумите“ изјавил Борисов.

Тој понатаму зборува за топлите односи со Косово и со Србија кои неговата земја ги има, па оотука оценува дека не случајно го зема овие две држави за пример, кои до вчера војуваа, па затоа не може да разбере како секој ден од Македонија добива сигнали кои бугарскиот народ не ги заслужува:

„Први ги признавме, секогаш сме им помагале, во се. Побратски народ на Балканот ние од Македонците немаме. Нема јавно да се произнесам, ќе ги пуштам кога ќе дојдат македонските власти во Бугарија, каде што се добредојдени, да одговорат тие. Знам што ќе речат – дека тоа одлука која ја донел независен суд. Добро. Ни јас не коментирам судска одлука. Но, кога ќе дојде ред да го коментираме македонскиот судски систем, ќе коментираме како што ние ќе процениме. А, ние ќе процениме дека тој систем треба да е независен, демократски, европски, толерантен, заштитнички за интересите на сите граѓани. Ќе судиме според европските критериуми“ вели Борисов.

Поостар во ставот е бугарскиот европратеник Димитар Стојанов, кој вели дека овој случај може многу на влијае врз позициите на Бугарија виза ви поддршката на Македонија за влезот во ЕУ:

„Односно многу јасно ќе биде пренесен нашиот став во Брисел дека додека во Македонија не престанат овие дејствија, нема шанса земјата да влезе во Европска Унија“ вели европратеникот.

Гевгеличанката Митрова одамна е актуелна пречка во македонско – бугарските односи. Таа преку ноќ се почувствува како Бугарка откако го почна судскиот спор за родителското право врз ќерката. Декларираната Бугарка веќе пет години тврди дека пред македонските судови е репресирана поради националното чувство. Митрова стана член на Националдемократската партија од Бугарија откако ја напушти ултранационалистичката Атака на Волен Сидоров, кој не го признава македонскиот јазик. Митрова од Гевлегија се пресели во Благоевград каде извесен период беше професор во приватната гимназија Александар, а исто така и советник на европратеник.



Во меѓувреме од Канцеларијата на македонскиот правобранител велат дека ниту еден случај досега не е регистриран на граѓанин кој се жалел на судски репресии во Македонија или на дискриминација поради неговата национална припадност.

Од македонското МНР се категорични – не разбираат зошто Бугарија во последниот период зачестено ја напаѓа нашата држава и ја критикува за наводна антибугарска клима, но стојат на ставот дека немаат намера да коментираат вакви провокации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...