Демонстрантите мирно ги собраа шаторите од паркот во Анкара

Истанбул, 11 јуни 2013 (МИА) - Полицијата во Анкара успеа да ги убеди демонстрантите во паркот Кугулу да ги соберат поставените шатори, јави Анадолија.



Специјалните единици на полицијата од рано изутринава почнале преговори со демонстрантите во паркот.

Во Кугулу во изминатите две недели беа поставени неколку десетици шатори. Во нив беа сместени претежно студенти, кои имаа за цел да изразат солидарност со учесниците во протестите во паркот Гези во Истанбул.

Претходно полицијата презема силни обиди да го расчисти паркот во Анкара, но наиде на остар отпор од демонстрантите.

Изутринава командант на полициската единица успеал во разговор со некои од демонстрантите да ги убеди мирно да ги соберат шаторите и да си заминат дома. Тој побарал да си заминат дома, без да биде принуден да употреби сила.

Демонстрантите се согласиле по што двете страни го поздравиле договорот со аплауз. Демонстрантите ги поздравиле мирните намери на полицијата, а чуварите на редот позитивниот пристап на демонстрантите. Сепак, не е познато дали сите го напуштиле паркот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...