Ердоган со повик до демонстрантите да се повлечат

Истанбул, 11 јуни 2013 (МИА) – Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повика денеска демонстрантите да се повлечат од централниот истанбулски парк Гези по 12 дена протести.

– Ве повикувам да се повлечете од паркот и ве молам како премиер, рече Ердоган на состанок на парламентарна пратеничка група на партијата на правдата и развојот.

Според него, загрозена е турската економија заради целокупната ситуација во државата и постоењето „намери да се наруши имиџот на Турција што е дел од систематски план“.

Стотици специјалци денеска дојдоа на плоштадот Таксим во Истанбул и со водени топови и солзавец ги растераа демонстрантите бидејќи слична акција ноќеска беше спроведена во Анкара.



Полицијата употреби солзавец врз демонстрантите како и гумени куршуми за да ги натера да побегнат од плоштадот кон блискиот парк Гези каде ноќеска кампуваа. Дел активисти возвратија со ракети за огномет, противпожарни бомби и камења врз полицијата, јавуваат западни медиуми.

– Што очекуваат демонстрантите, да молам пред нив? запраша Ердоган во обраќањето кон парламентарците до својата партија каде често беше прекинуван со аплаузи, јави Би-Би-Си.
– Ги повикувам оние што се искрени да се повлечат оттаму и тоа го очекувам од нив како премиер, нагласи Едоган.

– Тројца млади луѓе и еден полицаец загинаа во тие настани. Не е можно она што се случи да биде разгледано како невин отпор, додаде Ердоган. Тој ги обвини странските медиуми дека имаат заедни намери и рече дека турската економија директно била цел на настаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...