Турските демонстранти го разгледуваат следниот потег

Демонстрантите кои го окупирале паркот Гези во Истанбул го разгледуваат својот следен потег откако премиерот Реџеп Тајип Ердоган се согласи да го прекине спорниот план за реконструкција на паркот и ги повика учесниците во протестите да си заминат по двонеделните антивладини протести. Синоќешниот повик на Ердоган сепак остана без одѕив, бидејќи дискусијата и договорите меѓу демонстрантите се оддолжила до доцна во ноќта, а илјадници од нив повторно ги наместиле своите вреќи за спиење.

Претходно Ердоган повика мала делегација од демонстрантите да ги убедат илјадниците други да се повлечат од паркот. - Одете и разговарајте со нив... Не дозволувајте да мораме да употребиме други мерки, истакна турскиот премиер. Тој вети дека ќе ги прекине спорните планови за реконструкција на паркот Гези. Ердоган на стотината демонстранти, кои и понатаму се наоѓаат во паркот, им порача дека Владата ги примила нивните пораки по разговорите кои се одржаа со цел да се стави крај на двонеделните немири. - Останавте овде колку што можевте и ги упативте своите пораки. Ако вашата порака се однесува на паркот Гези, тогаш е примена и проценета. Ве молам сега да го напуштите паркот и да си заминете дома, додаде Ердоган. Во судирите за време на протестите во Турција загинаа пет луѓе, а речиси 5.000 се повредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...