Илјадници демонстранти во стоечките антивладини протести

Анкара, 19 јуни 2013 (МИА) - Илјадници демонстранти ширум Турција им се приклучија на „стоечките протести“ против Владата, кои започнаа во понеделникот. 

Демонстранти во Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Ескишехир и многу други градови во земјата, како и во странство, во различен временски период, претходно договорен на социјалните мрежи, ја прекинаа работата и со молчење го изразија протестот против власта.



Стоечките протести траеја до раните утрински часови денеска. На истанбулскиот плоштад Таксим утрово се уште стоеја околу илјада луѓе.

- Ататурк секогаш стоел цврсто на своите нозе. Ние исто така не треба да се предаваме, стоиме и нема да ги прекинеме протестите, изјави еден од демонстрантите.

Според голем број турски набљудувачи овој вид на протест „значи многу за учесниците во него и за Владата“. Тој означува „бојкот“.

Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека се додека демонстрантите не го нарушуваат јавниот ред и мир, полицијата нема да презема мерки против нив.

Но, и покрај изјавите на Ѓулер, полицијата вчера уапси неколкумина учесници во стоечките протести, што предизвика огромна јавна осуда и многу критики на социјалните мрежи кон Владата. Повеќе турски политиколози ги оценија апсењата како голема грешка и антидемократско дејствување.

Демонстрантите побараа од поддржувачите да не провоцираат немири, но повикаа да се бојкотираат сите провладини компании, медиуми, банки и големи синџири на угостителски објекти во следните четири месеци. Исто така, е предложено и турските граѓани да не посетуваат неколку луксузни хотели во околината на плоштадот Таксим, кои ги затворија вратите за демонстрантите при полициската интервенција во паркот Гези.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...