Нарко империјата испрала четири милијарди долари во Србија

Белград, 19 март 2014 (МИА) - Според некои проценки од „бизнисите“ на Дарко Шариќ и неговиот клан, кој годишно имал профит од една милијарда долари, најмалку четири милијарди се испрани во Србија, објави денеска белградскиот весник „Данас“.

Весникот истакнува дека колку и да биде детална истрагата, најверојатно никогаш прецизно нема да се утврди колку валкан капитал влегол во Србија во последните 15 години, ниту колку фирми биле вклучени во тоа.

- Најскромните проценки говорат дека од „бизнисот“ на Шариќ, кој годишно носел профит од една милијарда долари, минимум четири се испрани во Србија, а се стравува дека тој износ би можело да биде двојно поголем, посочува „Данас“.

Адвокатот на Шариќ, Радослав Бачевиќ по вчерашното сослушување пред Специјалниот суд во Белград, изјави дека неговиот клиент досега се криел во Латинска Америка и во Јужна Африка и оти доброволно се предал. Тој одлучил да се предаде откако бил лоциран во Јужна Америка од страна на безбедносните служби на Србија и на Црна Гора. Неговиот адвокат појасни дека Шариќ сакал од Јужна Америка да биде префрлен во Црна Гора за да се види со семејството, со кое добил можност да разговара околу половина час.

Шариќ се товари за организирање меѓународна трговија со дрога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...