Давиниќ заработи осум месеци условна затворска казна

Белград, 30 јули 2014 (МИА) - Апелацискиот суд во Белград денеска на некогашниот министер за одбрана на Србија и Црна Гора, Првослав Давиниќ му изрече условна затворска казна во траење од осум месеци, која нема да се реализира доколку не го повтори кривичното дело во следните три години.

Давиниќ е обвинет дека во 2005 година незаконски и подарил на Црна Гора воен брод во вредност од околу 50.000 долари.

Во образложението за својата пресуда, Апелацискиот суд наведува дека Давиниќ е прогласен за виновен бидејќи на 18 август 2005 година во Белград, злоупотребувајќи ја својата службена положба, одлучил на Регионалниот центар за обука на нуркачи за подводно деминирање од Бијела да му подари половен воен брод од Војската на СЦГ, со што му нанел штета на Министерството за одбрана на СЦГ и на буџетот на тогашната заедничка држава.

Истрагата во врска со бродот започна во април 2009 година, а случајот го пријави Генералниот инспекторат при Министерството за одбрана на Србија.

Во текот на судскиот процес Давиниќ негираше дека извршил кривично дело, нагласувајќи дека се било спроведено согласно договорот меѓу Министерството за одбрана и црногорскиот центар.

Тој е веќе правосилно ослободен од три обвиненија, а во тек е негово судење по уште едно обвинение против него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...