на фудбалскиот натпревар

Инцидентот е претходно подготвена политичка провокација

Белград, 15 октомври 2014 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека инцидентот на синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград е однапред испланирана провокација.

Орфи Рама, братот на албанскиот премиер Еди Рама, беше уапсен во ВИП ложата на стадионот „Партизан“ под сомнеж дека го организирал инцидентот со албанското знаме, по што натпреварот беше прекинат.

Мало беспилотно летало, од кое се виореше албанското знаме, прелета над стадионот, а било контролирано со далечински управувач од страна на Орфи Рама.

Очевидци за весникот „Блиц“ тврдат дека Рама за време на приведувањето покажал американски пасош, изјавувајќи дека е американски државјанин и ништо не му можат. Заедно со него биле приведени и останатите членови на албанската делегација која седела во ВИП ложата на стадионот. И тие се пуштени на слобода бидејќи „не било можно да се обезбеди правна заштита поради штрајкот на адвокатите“. Обвинителството дополнително ќе одлучи како да постапува по тој случај.

- Вакво нешто не се случило на ниту еден фудбалски натпревар и тоа е претходно подготвено. Главно прашање за мене е како ќе реагираат ЕУ и УЕФА, бидејќи ако некој од Србија го развиореше знамето на „Голема Србија“ во Тирана или Приштина, тогаш проблемот веднаш ќе беше ставен на дневен ред во Советот за безбедност на ОН. Во овој инцидент неоспорен е фактот дека е организиран од братот на албанскиот премиер, кој требаше тука да биде гостин. Ова е политичка провокација, истакна Дачиќ.

Тој додаде дека во текот на целиот вчерашен ден европски дипломати вршеле притисок да им се дозволи на албанските навивачи да влезат на стадионот, иако тие биле запрени на аеродромот и немале билети за натпреварот. Дачиќ смета дека Србија нема никаква одговорност за прекинот на натпреварот.

Албански навивачи ја опколија српската Амбасада во Тирана по вчерашниот инцидент во Белград.

Инциденти синоќа се регистрирани и во Виена каде Албанци кршеле излози од угостителски објекти на Срби. Австриската специјална полиција, како што јавуваат локалните медиуми, спречила поголеми судири меѓу Албанците и Србите во тој град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...