„Саем на кариера“ во Крива Паланка

Крива Паланка, 19 мај 2016 (МИА) – Работодавачи од приватните компании од Крива Паланка и Ранковце и невработени лица од овие општини присуствуваа на „Саемот на кариера“, што денеска се одржа во општина Крива Паланка.

Саемот е во рамки на проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“ на Центарот за економски анализи-Скопје.

- Проектот е наменет за млади, невработени лица од 20 до 39-годишна возраст, за кои покрај ваквите денови на кариера, каде имаат можност да се запознаат со локалната бизнис заедница, ќе бидат овозможени обуки за барање работа и унапредување вештини на барање работа, комуникација и унапредување вештини, развој на бизнис претприемништво и пристап до финансии, изјави Весна Гарванлиева-Андонова, менаџер на проектот.

Таа информира дека досега е спроведена анализа на пазарот на труд во Североисточниот регион, а предвидено е одржување „Саеми на кариера“, кои се во тек. Денешниот саем, како што рече, е втор во рамки на проектот, а првиот се одржа вчера во општина Старо Нагоричане, а следната недела ќе има во Липково.

- Анализите на понуда и побарувачка на пазарот на труд во регионот покажаа голем јаз меѓу тоа што го имаат младите како квалификации и она што го бараат компаниите. Проблемот е структурен, образовните стручни училишта не продуцираат кадри кои се потребни во регионот, а бизнис секторот има потреба од стручни кадри со практични вештини, истакна Гарванлиева-Андонова.

Овде ќе помогнат, како што нагласи, работните клубови кои ќе бидат формирани во трите општини каде се спроведува проектот, Липково, Старо Нагоричане и Крива Паланка.

- Во тек е повик за ангажирање ментори за работните клубови каде ќе се ротираат практиканти од регионот и ќе добиваат обуки на гореспоменатите четири теми, ќе им се помогне во изготвување биографија и апликација за работа, ќе ги зголемат вештините за вработување, конкурентноста на пазарот на труд и ќе се создадат можности за професионален развој, рече Гарванлиева-Андонова. Додаде дека во клубовите ќе се остварат и контакти за директно поврзување на невработените со компаниите.

Проектот го реализира Центарот за економски анализи и Федерација на фармерите на Република Македонија, со финансиска поддршка од Европската унија. Проектните активности почнаа во декември 2015 година и ќе траат до средината на 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...