Заев: Во петок ќе одлучиме дали ќе има ребаланс на Буџетот

Во петок ќе имам состанок во Министерството за финансии на кој дефинитивно ќе утврдиме дали ќе има ребаланс на Буџетот или не и ако го правиме кога ќе го правиме, најави денеска премиерот Зоран Заев.



- Од она што значи следење на Буџетот од моја страна сметам дека нема потреба од ребаланс, но својот став и аргументи треба да го каже и Министерството за финансии. Ние немаме некои потреби што треба да ги реализираме, а не се проектирани во Буџетот, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Сепак, додаде, јас сакам да разговарам малку подлабоко со Министерството за финансии за сето она што може да биде рационално искористено, а гледаме дека нема да се искористи да се алоцира онаму каде што може максимално да се искористи.

Нагласи дека останува на проекцијата за раст на БДП од 3,2 отсто и додаде дека очекува да се зголеми реализацијата кај капиталните инвестиции.

- Од оние 400 милиони евра кои се капитални инвестиции во Буџетот само еден дел се трансфери за гасификација, железница и патишта. Капиталните инвестиции патишта, железници и инфраструктура се надвор од реализацијата на капиталните инвестиции и само 200 милиони евра се буџетски средства во реализацијата. Синтетички и аналитички гледано внатре за мене постои можност во огромен процент целото тоа да се рализира, посочи Заев.

Нагласи дека тоа зависи од ефикасноста на имотно-правната служба, катастарот и храброста на јавната администрација да носи одлуки за јавните набавки кои треба да се спроведат.

-Треба да направиме се што можеме за да вбризгаме колку што може повеќе капитални инвестиции, рече Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...