Македонските граѓани преку интернет потрошиле 133,7 милиони евра

Македонските граѓани лани потрошиле 133,7 милиони евра онлајн и што е за 23,8 милиони евра или 17,8 отсто повеќе во однос на претходната година. Повеќе се купувало од странски веб страни, но забележано е купување и на производи од домашни е-продавници од надвор.



Анализата на Македонската асоцијација за е-трговија покажува дека граѓаните во текот на 2018 година стекнале повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките и дека има пораст и на броjот и на вредноста на трансакциите со домашни картички онлајн кон домашни и странски онлајн трговци.

– Поголемиот дел или 64 отсто од вредноста на трансакциите реализирани со платежни картички издадени во земјава се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор, додека 36 отсто од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во земјава.

Во текот на 2018 година странците двојно го зголемиле бројот на трансакции направени онлајн кон македонските онлајн продавници.

-Имателите на платежни картички издадени во странство значително го зголемиле бројот и вредноста на онлајн трансакциите. Бројот на онлајн трансакции реализирани во 2018 година, во корист на виртуелни места на продажба во земјава бележи пораст од 132 отсто во однос на 2017 година. Она што е особено значајно за е-трговците од Македонија е дека во текот на 2018 година реализирани се вкупно 120.291 трансакција од страна на иматели на платежни картички од странска банка во корист на домашен трговец, односно, изразено во вредност вкупно 5,4 милиони евра се влеале во Македонија на име онлајн купување од странство, што претставува пораст за околу 78% во однос на 2017 година. Веројатно, голем удел во овие трансакции имаат иселените лица од државата кои купуваат производи или користат услуги во земјава, но во секој случај оваа ставка бележи позитивно влијание врз македонската економија, наведуваат од Асоцијацијата.

Посочуваат дека ако се земе предвид вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон онлајн продавници во земјава од 48,1 милиони евра, надополнета со вредноста на онлајн трансакциите реализирани со странски платежни картички кон онлајн трговци во земјава од 5,4 милиони евра, може да се заклучи дека правните лица чија дејност претставува е-трговијата, односно вршат продажба на производи и услуги во Северна Македонија приходувале вкупно 53,5 милиони евра.

Согласно објавените податоци на Народната банка во текот на 2018 година реализирани се вкупно 5.435.285 онлајн трансакции, кон 4.293.214 онлајн трансакции во текот на 2017 година што претставува пораст од 21 отсто.

Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (веб страници за е-трговија), заклучно со 31.12.2018 година во Република Северна Македонија активни се 871 продажно место. Станува збор, појаснуваат од Асоцијацијата, за активно регистрирани виртуелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки што во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...