ЕУ создава фонд на иднината од 100 милијарди евра

Европската унија создава фонд од 100 милијарди евра за инвестиции во стратешки области, во кои заедницата заостанува зад своите глобални конкуренти, пишува британскиот весник Фајненшл Тајмс (ФТ), кој успеал да се запознае со релевантните документи на Унијата.



Таканаречениот „Европски фонд за иднината“ ќе ги финансира инвестициите на земјите членки во водечките индустриски групи и компании, кои се способни да им конкурираат на такви корпорации, како на пример Гугл, Епл и Алибаба.

Создавањето на таков фонд треба да претставува одговор на повиците на Франција и Германија „за формирање на такви инструменти за офанзивна индустриска политика“, која ќе го заштити европскиот бизнис од нелојалната конкуренција.

Авторите на проектот посочуваат дека компаниите надвор од ЕУ „имаат невидени финансиски ресурси, што може да ја уништи иновативната динамика на ЕУ и индустриската состојба на заедницата во одредени сектори“. Станува збор за странски технолошки гиганти, како Гугл, Епл, Фејсбук и Амазон, но и кинеските Баиду, Алибаба и Тенсент, кои ја диктираат глобалната дигитална индустрија.

– Во Европа нема такви компании. Тоа претставува опасност за економскиот раст, работните места и влијанието на Европа во клучните стратешки сектори, се констатира во документите на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...