„Прајсватерхаус“ прогнозира намален раст на економијата во 2020 година

Светска економија со намален раст или „слоубализација“, растеж на бројот на вработувањата во земјите од Г-7 и зголемен број на луѓе постари од 60 години, прогнозира меѓу другото британската консалтинг агенција „Прајсватерхаус куперс“ за оваа година.



Агенцијата прогнозира светската економија во 2020 година да порасне за 3,4 осто споредбено со лани во однос на паритетот на куповната способност, додека просечната величина на овој показател за 2020 да биде 3,8 отсто.

-Треба јасно да разбереме дека се случува глобално намалување на растежот на економијата, кое се одликува со продолжување на интеграцијата и економски развој, но со многу понамалено темпо, пониско од средното, смета Барета Купелјан, економист на „Прајсватерхоус“.

Ваквата состојба во глобалната економија економистите ја нарекуваат „слоубализација“.

Исто така, во 2020 година се очекува извозот на услуги во светот да биде на нивото од 7,000 милијарди долари, лидери и годинава ќе бидат САД и Велика Британија.

Се очекува и растеж на вработувањата во земјите од групата Г-7 (индустриски најразвиените демократии), до бројка од 2 милиони вработувања, и уште 8 милиони нови работни места во седумте најголеми земји во развој како Кина, Русија или Бразил.

Агенцијата предвидува бројот на светската популација во 2020 да се зголеми до 7.7 милијарди луѓе, додека бројот на луѓе постари од 60 години да биде 1 милијарда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...