Достапни нови шест милиони евра за бескаматни кредити за компаниите

Нови шест милиони евра од денеска им се достапни на компаниите за бескаматни кредити за надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот и заштита на ликвидноста и работните места, а како интервентен сет на мерки на стопанството наскоро ќе му бидат достапни околу 100 милиони евра за таа намена, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.



-Подготвуваме сценарија за најлошото, а се надеваме и работиме за најдоброто. Вчера најавивме дека на компаниите им се веднаш достапни шест милиони евра за бескаматни кредити преку Македонската банка за обнова и развој, а од денеска ќе им бидат достапни уште шест милиони евра, рече Ангеловска на денешната прес-конференција пред Министерството за економија.

Таа најви дека се во преговори со Европската инвестициска банка за дополнителни 50 милиони евра што ќе им бидат достапни на компаниите за бескаматни керити за санирање на состојбите од коронавирусот и заштита на ливидноста и работните места.

Преку мерката ослободување од плаќање на аконтации од данокот на добивка за сите погодени компани, како што рече, во наредните три месеца ќе се осоободат околу 10 милиони евра, со субвенционирањето на 50 отсто од придонесите околу 20 милиони евра, преку бескаматните кредити ќе им се достапни уште 60-тина милиони евра.

-Нашата задача како Влада е да им помогнеме на компаниите да го премостат овој проблем. Ако ги собереме бројките зборувам за околу 100 милиони евра, а дали уште ќе бидат ставени и дали ќе се воведат дополнителни мерки – да отоко ќе процениме кои се тие што ќе дадат максимум со оптималните можности кои ќе го одржат ликвиден Буџетот. Преку Буџетот не можеме да ги исплатиме платите за три месеца на целото стопанство ида му ги затвориме долговите, а тоа не може да го направи никоја земја. Нашата задача е да направиме се што можеме. Правиме анализи и сценарија на дневна база бидејќи постојано се менуваат условите. Толку е непозната траекторијата што ни ММФ не излегол со квантицифирана бројка колку ќе бидат штетите. Затоа ние побаравме помош за да се проценат не самократкорочните туку и долгорочните ефекти, посочи Ангеловска и додаде дека се во постојан контакт со коморите за изработка на нови мерки за стопанството.

Најави дека се прават и напори за осолобдување на граѓаните од ратите за кредити за наредните три месеци.

-Комитетот за финансиска стабилност денеска има состанок на кој ќе се разговара со комерцијалните банки за носење на одлуката за одлагање на плаќањето на ратите за кредитите и за граѓаните и за погодените компании. Треба да најдеме начин кога граѓаните ќе почнат да ги плаќаат ратите да не биде тоа преку нарушување на финасиската стабилност, потенцира Ангеловска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две камчиња залутани во Сахара се чудат:
- Види митинг човече!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на здравјето. Во 1948...
1348.- Во Прага е основан Универзитет, прв во...
1614.- Умре шпанскиот сликар и вајар од грчко...
1770.- Роден е англискиот писател Вилијам...