Вкупно 8.700 граѓани го донираа повратот на ДДВ за справување со коронавирусот

Вкупно 8.700 граѓани се одлучија да ги донираат средствата од проектот МојДДВ во Фондот за справување со коронавирусот КОВИД-19 што е регулирано во уредбата за примена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физички лица за време на вонредна состојба, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.



-Рoкот на изјаснувањето за повратот на ДДВ заврши на 5 мај и вкупно 8.700 корисници на апликацијата МојДДВ одговориле потврдно на опцијата за донирање, а 35.219 корисници одговориле дека сакаат да им биде исплатен повратот од скенирањето на сметките во целост. Износот на донацијата која изнесува 9.529.917 денари ќе се донира во Фондот за справување со КОВИД-19, рече Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

Таа нагласи дека до УЈП стигнале мејлови од граѓани кои, како што рече, погрешно и ненамерно притиснале опција донирај и бараат средствата да им бидат исплатени на сметката.

-За нив дополнително во најкраток можен рок ќе известиме за начинот на исплатата. Опцијата донирај беше поставена за доброволен избор на секој корисник на апликацијата МојДДВ и сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои го донираа својот поврат на ДДВ и помагаат за полесно справување со кризата од коронавирусот, потенцира Лукаревска.

Нагласи дека даночните службеници од УЈП во моменотов се и агенти во Владиниот контакт центар и тие, како што рече, стојат на располагање за сите прашања и одговори поврзани со мерките што ги спроведува Управата.

-Направена е и мејл група finansiska.podrska@ujp.gov.mk која има за цел непречено и точно информирање, посочи Лукареска.

Во одговор на прашање, директорката на УЈП истакна дека задоволува бројката на 23.861 барање на 21.542 компании за финансиска поддршка до 14.500 денари за исплата на платата по вработен за април годинава.

-Со можноста за кобинирање на мерките и со користење на другите поволности од сетот економски мерки е оставено на доброволна основа секоја компанија сама да одлучи какава помош и каква мерка ќе користи. Очекуваме дека во мај можеби ќе има зголемување на барањата, но сепак сметавме дека рокот за пријавување е повеќе од доволен затоа што на дневно ниво првите неколку дена на секој час имавме по можеби 500 барања што не е мала бројка, рече Лукаревска.

Прашана дали УЈП смета дека е време за итен ребаланс на Буџетот заради падот на приходите, Лукаревска рече дека тоа прашање ќе се разгледува понатаму и заедно со Министерството за финасии доколку има таква потреба ќе се извести јавноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...