Промовирано јубилејното 10то издание на ТОП 100 најуспешни компании

Денес се одржа јубилејното 10то издание на „ТОП 100“ настанот на кој беа прогласени најдобрите и најуспешните 100 компании. Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во хотелот „DoubleTree by Hilton“, преку хибридна презентација ги презентираше најмоќните компании, кои во изминатата година прикажале позитивни резултати.

За време на „ТОП 100“ настанот, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија додели награди на ТОП 5 компании, кои имаат посебно достигнување во своето работење и се издвојуваат како водечки компании за 2019 година, како и три специјални награди.

За изборот на овие водечки компании, пресудни се неколку индикатори, како што се годишниот приход кој го прикажуваат, нето-добивката, бројот на вработени, инвестициите и повратот на капитал, со што истите се издвојуваат од останатите од каталогот.

Првата награда и припадна на компанијата Даути Комерц, втората награда на компанијата Алма-М, третата награда на компанијата Пофикс, четвртата награда на компанијата Бас Тути Фрути и петтата награда на Киппер. Компанијата АК-ИНВЕСТ ја освои наградата за најбрзо растечка компанија, Едукативниот центар РЕА ја освои наградата за компанија предводена од жена, а компанијата Кнауф Радика ја освои наградата за компанија со успешно партнерство.

Наградите ги доделија претставници на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, односно Неби Хоџа, Мендерес Кучи, Трим Ќемали и Влора Адеми, како и претставници од Владата на Република Северна Македонија, премиерот Зоран Заев, Талат Џафери и Крешник Бектеши. Една од наградите беше доделена од страна на гостин, односно г. Николин Јака од Стопанската Комора на Тирана.



Претседателот на СКСЗМ рече дека помина една деценија откако овој настан почна да се организира, при што како Комората така и нејзините членови постојано растеа, а ТОП 100 доби друга димензија како моќен бренд на СКСЗМ, кој самите членови го создадоа, воспоставија и развија во текот на 15-годишното патување на Комората.

-Горди сме на фактот дека станавме синоним за подадена рака и чадор за сместување на бизниси. Ги поддржуваме државните институции во нивните напори за трансформација и унапредување на развојните политики во земјата, особено придонесувајќи за создавање на подобра деловна клима во земјата.

Тој истовремено изрази сочуство за загубата на г-дин Енвер Малиќи, еден од најголемите основачи и поддржувачи на Комората, симбол за успешен претприемач и дарежлив филантроп.



Јубилејниот 10ти настан за презентација на каталогот „ТОП 100“ беше од затворен карактер, поради почитување на сите мерки и препораки, истиот беше и организиран согласно истите, а преносот од настанот се одвиваше во живо преку социјалните мрежи, на три различни јазици - македонски, албански и англиски.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија се стреми кон постојано промовирање на овие компании, кои имаат потенцијал за нови инвестиции, создавање на нови работни места, зголемување на корпоративната одговорност, како и зголемено влијалние врз економскиот и социјалниот развој на нашата држава. Настанот „ТОП 100“, кој несомнено станува традиција, ќе продолжи и понатаму да ги мотивира компаниите да го вложуваат максимумот во своето работење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо и Фата излегле со кучето на прошетка, кога по некое време Фата се сетила дека заборавила да облече гаќи. И му текнало на Мујо идеја:
- Фато, дај на кучето да те помириса...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Англискиот крал Хенри Осми се ожени со Ана...
1579.- Во Утрехт побунетите провинции Холандија,...
1627.- Роден е Роберт Бојл, англиски физичар и...
1736.- Роден е францускиот математичар,...