ЕК: Економскиот раст на ЕУ ќе започне во вториот квартал на годинава

Европската комисија предвидува дека растот на бруто домашниот производ на Европската унија во 2021 година ќе изнесува 3,7 проценти, а следната година 3,9 проценти, по падот од 6,3 проценти во 2020 година.



Во исто време, ЕК предвидува раст на еврозоната од 3,8 проценти за двете години.

Во зимската економска прогноза објавена денеска, Комисијата проценува дека економиите на земјите-членки на ЕУ во 2022 година ќе се вратат на нивото пред кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

– Рецесијата во 2020 година не беше толку длабока како што се предвидуваше, а поради пронаоѓањето на вакцината, се очекува економијата на ЕУ во 2022 година да се врати на нивото пред кризата. Ова значи олеснување на сегашните пандемиски мерки до крајот на вториот квартал на 2021 година, особено во втората половина на годината кога се очекува да се вакцинира поголемиот дел од населението, вели комесарот за економски прашања Паоло Џентилони.

Тој истакна дека економијата на ЕУ сè уште се соочува со предизвикувачки времиња и дека неопходните мерки за запирање на пандемијата продолжуваат да влијаат на економските активности во Унијата, но во помала мерка отколку што беше случај во текот на пролетта 2020 година.

Во извештајот на ЕК се наведува дека по посилниот раст во третиот квартал на 2020 година, економската активност во ЕУ повторно падна во четвртиот квартал поради вториот бран на пандемијата и обновените мерки за затворање.

„Со мерките кои се уште се на сила, се очекува економиите на ЕУ и еврозоната да забележат опаѓање во првиот квартал од 2021 година. Економскиот раст треба да продолжи на пролет и да добие интензитет на лето. Подобрените изгледи за глобалната економија, исто така, треба да го поддржат закрепнувањето на ЕУ“, се наведува во извештајот на Комисијата.

Сепак, документот предупредува дека економските проекции можат да се променат во зависност од натамошното непредвидливо движење на пандемијата во ЕУ и во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...