Панел-дискусија: Недела неработен ден – какви ефекти ќе има врз македонската економија

„Недела неработен ден – какви ефекти ќе има врз македонската економија“, е насловот на панел-дискусијата што ја организира денеска Стопанската комора на Северна Македонија.

На панелот ќе учествуваат стопанственици од различни индустриски сектори, од областа на трговијата и услугите.

-Предложеното решение за ограничувањето на можноста за работа во недела или наметнувањето дополнителни трошоци за компаниите кај кои работењето во недела е дел од редовниот работен процес, покренува повеќе прашања за ефектите од ова решение – како ќе се одрази на продуктивноста и конкурентноста на компаниите, дали производствените процеси се од таков карактер што може да се запрат без последици и по кои параметри тоа ќе се проценува, но и дали предложените решенија може да предизвикаат странските инвеститори да ја преиспитуваат РСМ како дестинација, туристите да ја избегнуваат државата како туристичка дестинација, а домашните потрошувачи да се насочат кон соседните пазари.

Според Комората, Министерството за труд и социјална политика работи на изготвување на предлозите за изменување на Законот за работните односи, со кои се најавува дека, со исклучок на определени дејности кои изречно ќе бидат наведени, ќе биде ограничена можноста работните процеси да се организираат во недела.

На панелот ќе учествуваат Андреа Серафимовски од „Гранит“ АД Скопје, Виктор Мизо од „Костал Македонија“ Охрид, Ѓорѓи Петрушев од „Млекара“ АД Битола, Васко Илијевски од Групацијата на спортски обложувалници при Стопанската комора на Северна Македонија, Игор Давков од „Скопје Ист Гејт“ Скопје и Кристина Самарџиева од „Еуроникел Индустри“ Кавадарци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...