Бектеши: Финансиска поддршка од два милиони денари за мерки за заштита на потрошувачките права

Министерството за економија објави јавен повик за доделување финансиски средства за реализација на проект на здруженијата на потрошувачите. За оваа намена се предвидени вкупно два милиони денари од буџетот на Министерството за економија. Рокот за аплицирање за средствата е до 25 март.

-Основната цел на нашата политиката за заштита на потрошувачите е унапредување и заштитата на правата на потрошувачите преку подобрување на законодавството, подобра информираност и едукација на потрошувачите, советување, едукација и дирекна финансиска подршка на невладиниот сектор-здруженија за заштита на потрошувачите за подигање на потрошувачката свест и култура на национално и локално ниво. Министерството за економија како надлежно министерство за заштита на потрошувачите ги следи политиките на Европската Унија.Во таа насока се и мерките кои што оваа година ќе ги спроведуваме во Програмата за заштита на потрошувачите, напиша на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши, по повод Меѓународниот ден на заштитата на правата на потрошувачите -15 март.

Оваа година средствата од Програмата за заштита на потрошувачите на Министерство за економија, според јавниот повик, ќе се насочат на: презентација на одредбите од новиот Закон за потрошувачи, подготовка и промоција на брошура и летоци за правата на потрошувачите, презентација на анализа за состојбата во однос на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, поддршка на невладините организации за заштита на правата на потрошувачите и координација на активностите за надзор и зајакнување на соработката помеѓу институциите вклучени во заштитата на потрошувачите и поддршка на невладиниот сектор за обезбедување информации и помош за потрошувачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...