Бесими: Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на економијата

Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на државата, а особено во секторите образование, здравство и социјална заштита. Како земјите се справуваат со последиците од кризата предизвикана од ковид 19 пандемијата и ударите врз здравството, образованието, ранливите категории на граѓани и работните места, градењето одржливи и инклузивни системи отпорни на идни шокови, промовирањето на економски можности и истовременото обезбедување фискална одржливост, беа темите дискутирани од страна на министрите за финансии и развој од различни земји во светот, заедно со потпретседателот на Светската банка за развој на човечки капитал, Манта Мурти и претседателот на Групацијата на Светска Банка, Дејвид Малпас.



Од Министерството за финансии информираат дека министерот за финансии Фатмир Бесими ја нагласи поддршката на Владата и Министерството за финансии во инвестициите на човечки капитал, за што зборува и приклучувањето на земјата кон проектот „Човечки капитал“ на Светска банка.

– Реформите во здравството, образованието и социјалната сфера се отпочнати, но, исто така, ни претстои голема работа по однос на истите. Од аспект на финансирањето во овие сектори, предвидени се зголемени средства како дел од БДП, истовремено имајќи ја предвид и ефикасноста на овие инвестирања. Реформите кои ги отпочнавме во соработка со Светска банка овозможија пoефективна државна интервенција при справувањето со последиците од кризата, притоа олеснувајќи ги каналите на дистрибуција на јавните услуги. Ние продолжуваме со овие клучни реформи понатаму, кои се основа за понатамошен раст и развој, истакна министерот Бесими.

Министерот Бесими потенцира дека активно се работи на мерки и активности што ќе придонесат за унапредување на развојот на човечките ресурси, како еден од столбовите на кои се темели Стратегијата за финансирање забрзан раст.

– Мерките и активностите кои се носат со цел унапредување на образованието, науката и здравството, поголема активност на работоспособното население, како и мерките за зголемување на социјалната заштита ќе го подобрат квалитетот на живот на нашите граѓани,истакна министерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...