Билатерален состанок на Американско-Грчката стопанска комора и АмЧам Северна Македонија

Минатиот петок, на 10ти септември 2021, за време на петтиот Енергетски форум на Југоисточна Европа (СЕЕФ) во Солун, се одржа билатерална средба помеѓу Американските стопански комори на Грција и Северна Македонија. Петтиот последователен Енергетски форум на Југоисточна Европа (СЕЕФ) беше организиран од страна на Американско–грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија во соработка со Амбасадата на САД во Грција и со стратешкото партнерство на Атлантскиот совет и Стопанската комора на САД.



АмЧам во своите заложби за зајакнување на регионалната соработка и зголемување на потенцијалните деловни можности, основата за просперитет и економски раст ја гледа во регионалната стабилност и конвергенцијата на економиите на Западен Балкан и нивната интеграција во евроатлантската рамка.

Поагајќи од важноста на билатералната соработка помеѓу соседните земји, претставниците на Одборот на директори од двете канцеларии на АмЧам на состанокот ги потврдија активностите за кои дискутираа во текот на изминатите неколку месеци. На состанокот присуствуваа претседателот на Управниот одбор Николаос Бакацелос, потпретседателот Василис Кафатос и извршниот директор Елијас Спиртунијас - како претставнци на АмЧам Грција, и претседателот на Управниот одбор Маја Филипчева, потпретседател Никола Љушев, секретар-благајник Драган Давитков и извршениот директор Јелена Арсовска – како претставници на АмЧам Северна Македонија.

Продлабочената соработка на двете АмЧам канцеларии е насочена кон иницирање заеднички проекти и активности за унапредување на регионалната соработка, проширување на трговските односи, и зголемување на меѓусебната поврзаност на деловната заедница во двете земји.

Г-дин Никос Бакацелос, претседател на АмЧам Грција како домаќин на оваа средба изјави: “Американско-грчката стопанска комора е посветена на создавање партнерства што водат кон развој на меѓународниот бизнис. Во тој контекст, состанокот помеѓу АмЧам Грција и АмЧам Северна Македонија за време на 5-тиот Енергетски Форум на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа и делегации на американските амбасади во овие две држави, резултираше со развој на патоказ што ќе им овозможи на членовите на двете комори да комуницираат и да соработуваат. Во склоп на оваа заеднички договорена рамка, првата активност ќе биде трговска делегација од Грција во Северна Македонија во текот на месец октомври “.

Маја Филипчева, претседател на АмЧам Северна Македонија, го потенцираше значењето на поддршката од нашите соседи во ЕУ која е важна за нашата регионална економска интеграција, привлекување инвестиции и зголемување на конкурентноста пред формалното вклучување на пазарот во ЕУ. Таа изјави: „Корпоративниот свет отсекогаш имал корист од споделување на знаење, како и од поддршка од поголемите и поразвиени пазари, а во овој случај е добро што можеме да се потпреме на нашите колеги од АмЧам Грција. Ваквата синергија ќе придонесе за паметни инвестиции, диверзификација на енергија, проширување на деловните операции и подобрување на трговијата со стоки и услуги во двете на земји“.

Нагласувајќи го значењето на унапредување на регионалната соработка, на оваа средба присуствуваа амбасадорот на САД во Северна Македонија, г -ѓа Кејт Мери Брнс, заменик-шефот на мисијата во Грција, г -дин Дејвид Бургер, и заменик-помошникот секретар на Бирото за енергетски ресурси, г-дин Курт Донели, кои ја истакнаа важноста гласот на бизнисите да биде слушнат, со цел тие да можат да дејствуваат и да преземат чекори кон обликување на иднината на Југоисточна Европа преку зајакнување на нивните меѓународни врски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...