Битиќи: Во следните пет години ќе го трансформираме енергетскиот сектор

Во наредните пет до седум години целосно ќе го трансформираме енергетскиот сектор во земјата и ќе се реализираат голем број на инвестиции во обновливите извори на енергија, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на форумот „Стратешки економски разговори“, што се одржува во местото Савудрија на Истра во Хрватска.



На панелот, на кој се говореше за перспективите на инвестициите во обновливи извори на енергија во Југоисточна Европа, вицепремиерот Битиќи рече дека со Интервентниот план за инвестиции планирано е да бидат инвестирани 3,2 милијарди евра во енергетскиот сектор.

– Со Интервентниот план за инвестиции, којшто неодамна Владата го усвои, како одговор за побрзо закрепнување од пандемијата, но и за побрз и одржлив развој на енергетиката и економијата, генерално, во средорочен период од пет до седум години, во земјата ќе се инвестираат 3,2 милијарди евра во енергетскиот сектор, мешан капитал, на приватни и јавни инвестиции. Со ова во следните пет години, ќе го трансформираме енергетскиот сектор во Северна Македонија, кон зелени и обновливи извори на енергија. Тоа ќе придонесе за праведна и правична транзиција од конвенционални извори на енергија со фосилни горива кон обновливи извори на енергија и ќе се тежи кон целосно исполнување на Националниот план за придонеси со кој предвидуваме намалување на емисијата на стакленички гасови до 82 проценти до 2030 година во споредба со истите во 1990 година, нагласи Битиќи.

За постигнување на овие предвидувања, како што посочи вицепремиерот, се работи на промена на свеста кај државните институции, но и на едукација на граѓаните.

Говорејќи за стратегиите, политиките и проектите што ги спроведува Владата во енергетскиот сектор, Битиќи посочи дека е донесен нов Закон за енергетика кој е усогласен со Третиот енергетски пакет на Секретаријатот на енергетската заедница, усвоена е Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и донесени се поголемиот дел на подзаконски акти со кои се овозможува забрзан развој на енергетскиот сектор и спроведување на праведна и правична транзиција кон обновливи извори на енергија.

– Ги презедовме сите чекори кои се предуслов за енергетска транзиција, помеѓу кои е и целосната либерализација на пазарот, чекор кој нашата земја го направи како прва во регионот. Тоа не е единственото што го направивме како пионери во регионот на Западен Балкан. Први донесовме закон за енергетика кој е во целост усогласен со регулативите и директивите на ЕУ и со Енергетската заедница, нагласи Битиќи.

Форумот „Стратешки економски разговори“ е во организација на „Бизнис развојната мрежа за Југоисточна Европа“ (SEEBDN – South East Europe Business Development Network) и „ТПА групација“ (TPA Group) од Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Имал некој тип калибар 50cm па не можел да си најде жена. Му рекле лекот да го бара кај жабата, барајќи ја за жена.
- Жабо, жабо, ќе се омажиш за мене?
- Не.
И оп, му се смалил...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
48. п.н.е.- Римскиот војвода и државник Гнеј...
1066.- Норманскиот војвода Вилијам, иден...
1465 или 1466.- Роден е Ротердамски Еразмо...
1492.- На првото патување преку Атлантикот, во...