Битиќи: Економијата да се реструктира, поголемо учество на производството со поголема додадена вредност

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порачува дека е неопходно македонската економија да се реструктира. Со сегашната структура на економијата, во која две третини од БДП се потпира на приватна потрошувачка, 15 проценти на јавната потрошувачка, а само мал дел на извозот и производство, според Битиќи, ние сме многу ранливи.



– Ако сакаме одржливо да се развиваме, оваа структура мора да се промени во насока на поголемо учество на производството со поголема додадена вредност, зголемување на конкурентноста на компаниите и раст на извозот. Треба да се поддржуваат сектори кои создаваат додадена вредност во економијата и кои на долг рок придонесуваат кон економски развој и подобрување на структурата на БДП, посочува Битиќи во интервју за порталот izvoz.mk

Воедно, тој нагласува дека за да се поттикне конкурентноста на компаниите, да се зголеми производството на производи со додадена вредност и да се стимулира раст на извозот, една од мерките за поддршка е Гарантниот фонд за извозни компании, кој веќе е ставен во функција, а кој ќе се операционализира преку Развојната банка на Северна Македонија, која со тоа ќе ја добие развојната компонента која и недостасуваше во досегашното функционирање.

– Благодарение на пакетите за економска поддршка оваа година успеавме да спасиме 120 илјади работни места и да ја намалиме невработеноста и во време на криза. Очекувањата се 2021 година да заврши со стапка на невработеност од 15 проценти, со најмалку 15 илјади дополнително креирани работни места и раст на економијата од 4,1 процент, што ќе биде добра почетна основа за наредните години, кога се очекуваат стапки на раст на економијата од 5 проценти до 5,2 проценти, потенцира вицепремиерот за економски прашања Битиќи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...