СКСЗМ на работна средба со претставници од СДСМ

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија продолжува да одржува средби со главните политички чинители во нашата земја. Како дел од традиционалните средби во пресрет на локалните избори кои веќе беа одржани, денеска во просториите на Комората од страна на претседателот г-дин Неби Хоџа беа пречекани кандидадот за градоначалник на Град Скопје г-дин Петре Шилегов и кандидадот за градоначалник на општина Бутел г-дин Велимир Смилевски.

 Целта на овие средби е презентирањето на платформата за локален економски развој, подготвена од СКСЗМ и е составена врз основа на претходни анализи и истражувања, како и врз основа на реалните потреби и проблеми со кои бизнисите се соочуваат секојдневно.

Оваа платформа е подготвена врз основните начела како што се транспарентност и отчетност, ефикасност на општинската администрација, развој на локални бизниси и модерна и функционална инфраструктура. Истата е составена и од важни точки како што се законодавството, реформи во институциите, развојот на локалната економија, развој на инфраструктурата и животната средина, земјоделството, развојот на летниот и зимскиот туризам, како и транспарентност и отчетност.

СКСЗМ веќе се има докажано како релевантна институција во земјата, која ги промовира и штити интересите на бизнис заедницата и како главна цел е создавањето на поволна клима и амбиент за водење бизнис. СКСЗМ се стреми кон продлабочување на соработката со сите државни институции во рамките на целите за подобрување на економијата во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...