Нацевска: Денарот е стабилен, инфлацијата умерена

Денарот е стабилен, а ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а подгревање на инфлациските движења не е потребно, порача денеска вицегувернерката на Народнaта банка, Емилија Нацевска.



– Причината за побрзиот раст на цените во првите девет месеци годинава од 2,8 отсто, во однос на очекувањата за раст од 2,2 отсто за целата година, се на страната на понудата. Тоа се должи, пред се, на повисокиот раст на цените на енергенсите на глобално ниво ‒ цената на нафтата и гасот, што доаѓа по високиот пад на цените минатата година и нарушувањето на глобалните синџири на снабдување, како резултат на пандемијата. Со закрепнувањето на глобалната економската активност, доаѓа до побрз раст на побарувачката во однос на понудата и создавање тесни грла во снабдувањето коишто прават ценовни притисоци, посочи вицегувернерката Нацевска во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Како што нагласи, проценките на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и на други меѓународни организации, коишто ги следат овие движења, се дека оваа состојба е од привремен карактер, а очекувањата се дека таа ќе се надмине во текот на идната, 2022 година.

-Ние сме земја којашто енергетски и суровински е зависна од увозот и движењата на светските берзи се одразуваат и на домашните цени, пред се на цените на храната и други производи. Оттаму доаѓа овој ценовен раст, рече Нацевска.

Сепак, истакна дека дополнителните инфлациски подгревања и нивното, како што рече, неосновано вградување во цените од страна на домашните економски субјекти може да доведе до раст на инфлацијата, што не е потребно, ниту, пак, е засновано на објективни економски параметри.

– Простор за паника од инфлација нема, но треба да се однесуваме одговорно и не треба неосновано да се создаваат ценовни притисоци онаму каде што нема потреба, бидејќи тоа ќе се одрази на целата економијата. Подгревањето на инфлациските очекувања е нешто што може да доведе до раст на цените. Во вакво сценарио, централната банка реагира преку монетарната политика, вклучително и со раст на каматната стапка, што сепак не е пожелно во услови кога нема не рамнотежи, а на економијата се уште и е потребна поддршка за закрепнување од пандемијата, посочи Нацевска.

Кондицијата и подготвеноста на Народната банка, нагласи, го потврдуваат капацитетот за остварување на основните цели, а потврда за тоа е и макроекономската стабилност одржувана без прекин во изминатите 26 години.

-Тоа е и благодарение на капацитетот на девизни резерви, што со годините го изградивме. Нивото на девизни резерви е соодветно, со покриеност на идниот увоз од околу пет месеци. Ние секојдневно ги следиме движењата на девизниот пазар, а да посочам дека во третиот квартал на девизниот пазар и откупивме вишок на девизи. Денарот е стабилен и ќе биде стабилен, а надворешните фактори и случувања не влијаат на стабилноста на курсот, потенцира Нацевска и додаде дека за одржување на ценовната и финансиската стабилност, од големо значење е независноста на Народната банка, којашто се споменува во сите извештаи на Европската комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...