Бесими: Ќе се направат сите напори да има доволно електрична енергија и да се ублажи ценовниот ефект

Енергетска криза е на глобално ниво и постои, а ние сме свесни за нејзините димензии и сме подготвени да одговориме и работиме на тоа. Ќе реагираме не само со Буџетот во 2022 година, туку и со актуелниот Буџет за годинава зашто ефектите од енергетската криза веќе се чувствуваат во нашата економија. Не можам сега да кажам колку ќе биде тоа во однос на цените, а ниту сум надлежен за тоа, ниту, пак, Владата е, туку е регулаторното тело, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.



Тој порача дека во актуелниот Буџетот има средства од програмата за Ковид од околу 6 милијарди денари кои се уште не се реализирани и со нив може да се поддржат енергетските компании. За таа намена, како што рече, во Владата се формира работно тело од повеќе ресори кое треба да одлучи дали и како ќе бидат поддржани. Веројатно, додаде тој, ќе излезат со предлог мерки и тоа ќе биде спроведено со заклучок од Влада.

– Во Владата има работен тим што ја следи состојбата и во зависност од тоа каде ќе се ослободат средства ќе се интервенира. Битно е граѓаните да знаат дека ќе се направат сите напори пред се да има доволно електрична енергија и да се ублажи ценовниот ефект. Не прејудицирам од каде и што, само сакам да кажам дека се уште има простор во Буџетот зашто од планираниот буџетски дефицит од 6,5 отсто остварен е само 3,8 отсто. Решенијата што ќе се донесат треба да бидат конзистентни и одржливи за да може да се справиме успешно и со овој предизвик како што беше и со пандемијата со Ковид-19, рече Бесими во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог буџетот за наредната година и нагласи дека се очекува за неколку месеци да се надмине оваа состојба на глобално ниво.

Министерот потсети дека во текот на 2021 година Владата уште пред почетокот на енергетската криза го намали ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 отсто за домаќинствата.

– Енергетската криза се случи во меѓувреме поради постковид ефектот и зголемената побарувачка, поскапото производство на електрична енергија поради зелената агенда и политички и стратешки причини со ограничувањето на пристапот до природниот гас на пазарот. Се очекува ситуацијата да се стабилизира од вториот квартал на наредната година, рече Бесими.

Како што се справивме со ковид кризата, посочи тој, така ќе се справиме и со оваа криза во делот на Буџетот со одржливи решенија со кои нема да се нарушат пазарните принципи, туку ќе се поддржат компаниите за да се ублажи ефектот на кризата. Токму на тоа работат експерти од областа на енергетиката, индустријата и други сектори, а во делот на финансии ќе одговориме со тоа што може да се направи за да помогнеме на нашето стопанство.

Прашан дали во буџетот за наредната година се предвидени зголемени средства за институциите за сметките за електрична енергија, Бесими рече дека нема дополнително ставено ставка само за електрична енергија затоа што, како што истакна, така не се планира буџетот, туку на ниво на категории. На ниво на категории, додаде тој, има намалување на оваа стапка притоа со заложба од сите институции како политика на Влада да имаме фискална консолидација.

– Ние во буџетот не предвидуваме ставка само за електрична енергија, туку има повеќе позиции и во тој дел во рамките на политиката за фискална консолидација има намалување на национално ниво или на буџетско ниво од 6 проценти во сите стоки и услуги. Тоа е дел на политиката за фискална консолидација. Притоа воведуваме индикатори за оперативни трошоци во последните пет години за секоја институција со цел да се подобри управувањето со трошоците, односно подомаќински да се управува со тоа што сите надлежни институции, во рамките на тој стегнат буџет во делот на стоки и услуги каде што има намалување од 6 проценти, ќе треба со порационално и подомаќинско управување со своите средства да ги предвидат и евентуалните сметки на електрична енергија доколку имаат пораст, потенцира Бесими.

На прашањето дали има простор Владата да се откаже од дел од акцизата за бензинот и дизелот или од некоја друга давачка во делот од горивата, како директна поддршка за граѓаните и стопанството, Бесими одговори дека сега за сега тоа како системско решение го нема во Предлог буџетот, но може да се разгледа во контекст на прашањето за енергетска криза.

– Тоа ќе се разгледа во делот на тимот којшто работи на целиот пакет во однос на енергетската криза доколку се укаже потреба да се интервенира и каде да се направи во тој дел. Сега за сега нема некоја конкретна мерка предложена за намалување на акциза за 2022 година заради ефектите на енергетската криза, рече Бесими.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...