Телеком Србија почна со работа на македонскиот пазар

МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата од денеска почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, со продажен салон во Скопје со понуда за сателитска телевизија. Амбициите на групацијата, како што најави раководството, е од следната година да нудат и телекомуникациски услуги и дигитални сервиси.



Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лукиќ најави новини и пресврт на телекомуникацскиот пазар во државава.

-По првиот сервис со којшто ќе стартуваме – сателитска телевизија, од следната година планираме да се прошириме и во сегментот на мобилната телефонија, рече Лукиќ на прес-конференција.

Компанијата веќе обезбедуваат услуги за повеќе од 11 милиони претплатници во регионот и Европа. -Македонија во однос на телекомуникациите е исклучително напредната и на отворањето на подружницата на Телеком Србија гледаме како предизвик во којшто ќе го вложиме искуството и знаењето стекнати преку нашите делови активности во Србија, БиХ и Црна Гора, посочи Лукиќ.

Марко Лопичиќ, извршен директор на МТЕЛ, потенцираше дека стартуваат со понуда за врвна сателитска телевизија, а на љубителите на добрата телевизиска програма, како што рече, им нудат најдобар избор на телевизиски канали и ексклузивна содржина.

-Понудата е внимателно избрана и класифицирана во три исклучително поволни пакети кои вклучуваат повеќе од 150 канали. Уверени сме дека таквата понуда која што ги содржи најквалитетните спортски содржини на каналите Арена Спорт, потоа врвни филмски и сериски програми на Супер Стар каналите, понуда на сите македонски национални телевизии, Пинк каналите, како и одличен избор на документарни, музички и детски канали ќе прерасне во омилен телевизиски избор на граѓаните во Македонија, реќе Лопичиќ.

МТЕЛ регистрираше фирма во државава во јули годинава. Во наредниот период се очекува да официјализираат како ќе ги реализираат плановите за влез во мобилната телефонија, каде сега нудат услуги пет субјекти: А1 Македонија Скопје, со 49,78 проценти од претплатниците, Македонски Телеком АД Скопје, со 47,25 проценти, Лајкамобајл – 1,76 проценти, Роби – Штип 1,19 проценти, како и Греен Мобиле – Прилеп 0,02 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...