ММФ: Можни се економски потреси во пазарните економии во развој

Пазарните економии во развој ќе мора да се подготват за епизоди на економски потреси со оглед на очекуваниот пораст на каматните стапки на Федералните резерви на САД и забавениот глобален раст како резултат на ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот, предупредува Меѓународниот монетарен фонд.



ММФ, кој ќе ги објави своите нови ажурирани прогнози подоцна овој месец, е со став дека глобалниот раст треба да продолжи оваа и следната година.

Сепак, ризиците за растот остануваат високи како резултат на постојаното продолжување на пандемијата, рекоа економистите на фондовите Стивен Данингер, Кенет Канг и Елен Поарсон во аналитички блог.

Од средината на декември, сојот Омикрон брзо се шири низ светот, со рекорден број на нови инфекции.

-Со оглед на опасноста ова да се совпадне со побрзото заострување на каматната политика на ФЕД, пазарните економии во развој треба да се подготват за епизоди на економски потреси, велат економистите. Дополнително, велат тие, овие земји веќе се соочуваат со висока инфлација и значително поголем државен долг.

Банката на федерални резерви ја објави својата намера да ги зголеми клучните каматни стапки побрзо и поагресивно од очекуваното за да ја ограничи галопирачката инфлација во САД, која врши притисок врз домаќинствата и нивната потрошувачка, што е главен двигател на американскиот раст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...