Халили: ФИТР ќе продолжи да ги поддржува иновативните компании и стартапите со квалитетни идеи

Ќе продолжиме да ги поддржуваме компаниите и квалитетните идеи со цел да ја зајакнеме иновативноста и да ја поттикнеме конкурентноста на домашниот пазар, порача директорот на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) Фестим Халили на презентацијата на производите на добитниците од предизвикот „Стартап херои” во Супер Тинекс во East Gate Mall, кој го спроведува ФИТР во соработка со корпоративниот партнер Тинекс маркети и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.



-Со денешниот настан се продлабочува соработката помеѓу корпоративниот сектор и стартап компаниите со што длабоко верувам дека ќе се зајакне иновативноста и ќе се поттикне конкурентноста на пазарот на нашата држава, изјави Халили.

Како ФИТР, додаде, заедно со нашите партнери, во овој случај со Швајцарската амбасада, ќе продолжиме да соработуваме во креирање на хибриден фонд за поддршка на стартап компаниите и на младите кои имаат потенцијал и идеи.

-Овие млади луѓе кои се зад мене се избориле да произведуваат иновативни продукти кои ќе бидат дел од полиците на корпоративниот сектор, рече Халили.

Тој им посака голем успех во натамошната кариера на добитниците на грантовите и изрази надеж дека нивните продукти ќе ја покренат конкурентноста на нашиот пазар и ќе бидат конкурентни и со меѓународните брендови.

Швајцарскиот заменик амбасадор Лусиен Аегертер рече дека иновативноста на продуктите на добитниците на предизвикот „Стартап херои” ќе ги издвои на пазарот и по неа ќе станат препознатливи.

-Преку програмата ИМЕ и ФИТР воспоставивме супер алатка за овие нови стартап херои да се соберат денеска тука и да означиме почеток на нешто ново. Тука гледам многу жени и млади кои ќе воспостават нови стандарди. Среќен сум што новите генерации воспоставуваат нови иновативни производи. Се надеваме дека потрошувачите ќе ја видат вредноста на овие продукти, ќе ги посетат тука во Тинекс маркетите и дека оваа соработка што ја воспоставивме ќе продолжи на ниво на целата земја, рече Аегертер.

Нагласи дека се надева оти овие стартапи кои се денеска претставени во Тинекс ќе бидат добар пример и инспирација за останатите микро, мали и средни компании и стартапи за и тие еден ден да бидат изложени тука. Најави дека и во иднина ќе продолжи континуираната швајцарската поддршка на проектите што овозможуваат економски развој во земјата.

Бренд директорката на Тинекс, Цветанка Христовска посочи дека нивното вклучување во проектот кој придонесува за развој на стартап заедницата е од големо значење за Тинекс.

-Ние континуирано ја даваме нашата поддршка на компаниите кои се во развој и на кои им треба потпора за успешно да се претстават и развијат на пазарот. Верувам дека ќе имаме успешен проект, задоволни потрошувачи и задовлни нови соработници, рече Христовска.

На „стартап хероите“ им посака да станат препознатлив бренд на пазарот, да остварат убави продажби и да го прошират своето производство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...