ММФ: Војната во Украина ќе го забрза преминот кон дигитални валути

Финансиските санкции врз Русија би можеле постепено да ја намалат доминацијата на доларот и да го поделат меѓународниот монетарен систем, изјави претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Гита Гопинат.



„И во такво опкружување доларот би ја задржал позицијата на значајна глобална валута, но фрагментацијата, во најмала рака, дефинитивно е сосема можна“, вели заменичката извршна директорка на ММФ во разговор за лондонскиот бизнис весник „Фајненшел тајмс“.

Некои земји веќе преговараат за замена на валутите во кои го наплатуваат извозот, рече Гопинат, додавајќи дека зголемената употреба на други валути во глобалната трговија ќе резултира со поразновидни девизни резерви во централните банки.

Војната во Украина ќе го забрза, според Гопинат, и преминот кон дигитални валути од обични криптовалути до тие што се фиксирани со класичните валути и стоки, како и дигиталните варијанти на постоечките валути кои го издаваат централните банки. САД, ЕУ и нивните сојузници воведоа низа санкции врз Русија поради нејзината инвазија врз Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...