ФИТР: Стартапувај 4 обезбедува 2 милиони евра поддршка за македонскиот стартап еко систем

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик Стартапувај 4, со кој вкупно 2 милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем.



Јавниот повик „Стартапувај 4” е четврти по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. Целта е да се поттикне иновативноста кај компаниите и реализација на нивните бизнис идеи. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на комерцијализација, како и проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.

„Вложувањето во стартапите е долгорочна инвестиција која има позитивни ефекти врз економијата во целост. Но поддршката која им е потребна на стартапите е клучна за да можат успешно да ја реализираат својата визија. Свесни сме дека пристапот до финансии е најголем проблем со кој се соочуваат македонските стартап компании, и токму во овој дел ФИТР преку јавниот повик Стартапувај 4 им даваме максимална поддршка за нивен побрз развој, олеснет пристап до финансии и пристап до глобални пазари. Во портфолиото на ФИТР, над 50% се стартап компании и сигурен сум дека иднината им припаѓа токму на нив” изјави Фестим Халили, директор за Фонд за иновации и технолошки развој.

Халили истакна дека добиените средства на повикот се неповратни, со што македонските стартап компании добиваат шанса својата идеја да ја претворат во успешен бизнис проект. Од вкупниот буџет на повикот, Фондот ќе обезбеди 40.000 евра (до 90%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до три години на постоење, односно до 60.000 евра (85%) од вкупниот буџет на проект за трговски друштва со над 3, а помалку од 6 години постоење. Преостанатиот износ од 10% односно 15% од вкупниот буџет за проектот ги обезбедува апликатнот.

На овој повик, може да аплицира и тим кој се состои од најмногу пет членови – физички лица. Во овој случај, Апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот.

Во однос на активностите кои ќе бидат одобрени за финансирање, ќе бидат поддржани активности за истражување и развој, развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање и други. Како подобни трошоци ќе се сметаат: бруто платите за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот, набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој, како и поддоговорни услуги за истражување и развој.

Јавниот повик „Стартапувај 4” е отворен до 08 Август 2022 година, до 14.00 часот, а целата проектна документација и начинот на аплицирање се достапни на веб страната: https://fitr.mk/startapuvaj4/.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...