Битиќи: Новите мерки за справување со кризата почнуваат веднаш по изгласување на ребалансот на Буџетот

Новите мерки за справување со кризата почнуваат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Мерките се насочени за најкритичните граѓани и компании, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.



Тој во гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека сите мерки што се преземаат треба да бидат адекватни и возможни во одреден период, секоја мерка може да има последователни негативни ефекти на друга страна.

-Мерките се наочени кон најранливите категории, притискот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и комапнии. Исто така, и три програми за земјоделието преку интервентниот фонд не можат да поминат додека не се изгласа ребаланост. Ние имавме намалување на даночни стапки и за производи и за горива и за енергенси, за енергенсите останаа. За опозицијата ребалансот е задоцнет, но затоа има поднесено 800 амандмани, рече Битиќи.

Во врска со наглото зголемување на цените по завршувањето на мерките за основните прехранбени производи, Битиќи напомена дека тоа се должело на зголемување на маржите и било неоправдано, вештачко зголемување на цените, но по неговото укажување, цените се вратиле или стагнираат.

-Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профитери. Јас апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, и во пазарна економија мора да има морални и етички норми, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека задолжувањето вчера падна за 2,2 проценти, и како што рече, граѓаните дека не треба да се грижат за задолжувањето, додека оди за продуктивни цели и за справување со кризата.

-Се задолживме за време на пандемијата, но имавме пад на економијата помал за 4,2 проценти. Заради тоа спасивме 60.000 работни места. Не е продуктивно само на направиш зграда или пат, продуктивно е да спасиш едно семејство од губење работа. Задолжувањето за да спасиме граѓани од кризата, да обезбедиме енергенси, електрична и топлинска енергија, да креираме работи места, да продолжиме да инвестираме во инфараструктруа е продуктивно, порача Битиќи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...