Бесими-Гир: Финансиската поддршка од ЕУ е потврда за залагањата и реформската агенда во земјава

Министерот за финансии Фатмир Бесими остварил средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која биле потврдени напорите што ги прави земјата на патот кон Европската унија.

– Со почетокот на преговорите и отпочнувањето на скрининг процесот реформите добиваат забрзана динамика. Во Министерството за финансии веќе се подготвува акциски план за имплементација на препораките од последниот Извештај на Европската комисија (ЕК), но се работи и на практична реализација на оние реформи коишто веќе беа истакнати во Извештајот на ЕК, како Законот за буџети, велат од Министерството за финансии.

Министерот Бесими оценил дека потврда за залагањата и реформската агенда во земјава е и финансиската поддршка од 80 милиони евра што ја најави ЕУ за справување со кризата и 500 милиони евра пакет за инвестиции за Западен Балкан.

– Република Северна Македонија не отстапува од поставените цели, за постигнување просперитетно општество, повисок економски раст и целосно интегрирање во Европската Унија. На овој пат имаме значајна поддршка од ЕУ и финансиска и техничка. Во рамки на Програмата за економски реформи, која секоја година ја подготвуваме заедно со ЕУ, се дефинираат мерки и политики кои не доближуваат до европските стандарди. Во моментов се работи на новата Програма за економски реформи која треба да биде усвоена од Владата во јануари 2023 година. Средствата достапни преку ИПА фондовите имаат значаен придонес за реализација на крупни инфраструктурни проекти, истакнал министерот Бесими.

Посочил дека здравите економски политики се препознаваат и од меѓународните финансиски институции, за што, според него, потврда е поддршката од Меѓународниот монетарен фонд, односно средствата преку Програмата за претпазливост и ликвидност – ПЛЛ кои ќе се користат за справување со последиците од енергетската и ценовната криза.

– Ова е значајна поддршка за РС Македонија која силно ги чувствува последиците од енергетската и ценовна криза и ќе бидат насочени кон поддршка на стандардот на населението, ликвидноста на стопанството, како и стабилност во обезбедувањето со енергенси, особено електрична енергија“, потенцира министерот, наведувајќи дека Владата веќе има донесено два пакети антиркизни мерки во вредност од 750 милиони евра и дека од крајот на минатата година обезбедува финансиска поддршка за ЕСМ за пониски производствени трошоци за електричната енергија и пониска цена за домаќинствата и 70 илјади компании кои се на регулираниот пазар, оценил Бесими.

На средбата меѓу Бесими и Гир било посочено дека и покрај зголемените трошоци за справување со кризата, останува на заложбата за макроекономска стабилност и фискална консолидација на среден рок, со цел да се задржат поволните услови за забрзан економски развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...