НБ: Расте бројот на зелени кредити во третиот квартал годинава

Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи 17,7 отсто. Зелените кредити се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија, инфоремираат од Народна банка.

Во третиот квартал, како што велат од НБ, зголемен е и уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од 2,7 проценти во претходниот квартал, на 3,1 отсто, односно за 0,4 процентни поени. Иако податоците покажуваат поволни поместувања, сепак има простор за понатамошно зголемување на уделот на зелените во вкупните кредити.

-Во третиот квартал, зелените кредити на корпоративниот сектор и домаќинствата достигнаа 12.876 милиони денари, односно се зголемија за 31,5 милиони евра за едно тримесечје. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите на фирмите, коишто учествуваат со 5,8 отсто во вкупните кредити доделени на корпоративниот сектор. Растот на зелените кредити кај домаќинствата е помал и тие учествуваат со само 0,7 проценти во вкупните кредити на секторот „домаќинства“, се наведува во соопштението од Народна банка.

Насочените активности на Народната банка за поттикнување и зголемување на свесноста кај домашните кредитори за финансирање „зелени“ проекти, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации, придонесоа за зголемување на зеленото кредитирање за речиси 80 отсто на крајот на 2019 година. Во истиот период, кредитите пораснаа и како удел во вкупните кредити за 0,9 процентни поени.

-Во септември 2022 година, Народната банка донесе одлука за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. На ваков начин, во услови на енергетска криза и силен раст на глобалните цени на електричната енергија, Народната банка придонесува кон ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата, а воедно со мерката се поддржуваат и „зелените финансии“ и одржливото финансирање, велат од НБ и посочуваат дека преку низа други активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање.

Од Народна банка информираат дека во тек е и изработка на стратегија за поттикнување на зеленото финансирање, во која меѓу другото е предвидена подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, вклучително и за транспарентното финансирање.

-Се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а од годинава Народната банка воспостави и редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат и редовни стрес-тестови. Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено кај помалку развиените економии, затоа сè повеќе централни банки го гледаат зеленото финансирање како дел од нивниот мандат, информираат од Народна банка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...