"Ден на одржливи бизниси“- Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија поттикнува

"Ден на одржливи бизниси" е настанот кој се одржа во хотелот Хилтон во Скопје во организација на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ).

Неговата цел беше да се поттикне дискусијата за важноста на одржливите практики во бизнис секторот и да се промовираат иновативни решенија кои придонесуваат за позитивни општествени промени во насока на енергетска ефикасност и еколошко управување со отпадот.

Во рамките на настанот се одржа панел дискусија на тема "Поттикнување на одржливи бизнис практики во Северна Македонија". Пет компании - Мултипарк Изаири, Везе Шари, Иноспектар, Ликуки Хоме и БФМ - добија сертификат за одржливост кој го демонстрира нивниот ангажман и спремност за иновирање во заштитата на животната средина и поодржлива иднина. Воедно, беше овозможено вмрежување за потенцијални идни соработка помеѓу присутните.

Според Претседателот на СКСЗМ г-дин Менди Ќура:„Аспирациите за интеграција во Европската Унија се дополнителен поттик за нас да се фокусираме на реформите кои нè водат кон создавање и трансформирање во одржливи бизниси, намалувајќи ги трошоците, зачувувајќи ја животната средина и обезбедувајќи ја нашата еколошка, економска и финансиска иднина за наредните генерации“. Тој ги покани сите компании да ги капитализираат можностите кои ги нуди СКСЗМ, имајќи предвид дека Комората соработува со релевантни партнери со извонредна експертиза како што се УСАИД, Консалтинг за стратешки развој, Асоцијација за МЕНАЏМЕНТ КОНСАЛТИНГ (МКА) 2000.

На настанот се обрати и претставничката од УСАИД Северна Македонија - г-ѓа Ли Вебер, која посочи дека енергетската ефикасност е значајна за економски просперитет и одржлив раст. „Додека стоиме на раскрсницата на трансформативната ера, вие - приватниот сектор - треба да се чувствувате охрабрени. Одржливата деловна практика може да го преобликува енергетскиот пејзаж. Вашите инвестиции може да ја претворат енергетската ефикасност во стандард.“ Фокусот на проектот кој го спроведува СКСЗМ како дел од „Активноста за јакнење на деловниот еко-систем“ е воведување на нови услуги за членките за енергетско ефикасни решенија и заштита на животната средина за да придонесе за одржливост на енергетскиот систем преку намалување на употребата на фосилни горива, справување со климатската криза и зачувување на животната средина.

„Како резултат на партнерството со УСАИД и нашата компанија, Стопанската Комора на СевероЗападна Македонија разви две нови услуги -енергетска ревизија и управување со отпад- кои ќе им помогнат на компаниите да бидат поотпорни на кризи и се прилагодат на барањата на европскиот пазар во насока на зелена трансформација, енергетско- ефикасна инфраструктура и подобрена економска конкурентност.“, изјави Кристина Хаџи-Василева, извршната директорка на Консалтинг за стратешки развој. Иницијативата „Зелени бизнис лидери“© ја спроведува СКСЗМ во соработка МКА 2000, е дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од УСАИД и имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена му на Трпе родила близнаци.
Трпе на работа донел мекици да части, и колегите го прашуваат дали близнаците му се еднојајчани или двојајчани.
- А бе, едното е двојајчано, а...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...