Мериот хотел ќе се гради на плоштадот во Скопје

Скопје, 14 мај 2010 (МИА) - Супер луксузен хотел, дел од синџирот хотели Мериот, ќе се гради во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија. Хотелот треба да биде завршен до 2013 година, а во него ќе бидат инвестирани  37 милиони евра.

Компанијата за хотелиерство „Мериот интернешнл“ со договор за управување со „Дивелоп груп“ ќе го гради хотелот „Мериот Скопје“. Договорот го потпишаа денеска Александар Ивановски, генерален директор на „Дивелоп груп“ и претседателот и управен директор на Мериот за Европа, Ејми Мекферсон.

Хотелот, ќе се гради на површина од 20.000 метри квадратни, ќе има 180 соби, 16 луксузни и еден претседателски апартман, два ланч бара, спа центар и градина на највисокиот кат. Внатрешноста ќе биде во модерен луксузен стил, додека во изведбата на надворешниот изглед ќе се запази историскиот изглед во Арт Деко стил.

Ивановски, информираше дека 16 милиони евра ќе бидат обезбедени преку кредити, а останатите средства се капитал на Дивелоп груп. Земјиштето е купено од физички лица, кои претходно го добиле во соственост со денационализација. Изградбата треба да започне во октомври, по добивањето на сите потребни дозволи за градба.

- Ова е прв хотел Mериот во Македонија, но и на Балканот. Со отворањето на првиот Мериот хотел, не само што ќе се зголемат хотелските капацитети во Скопје, туку и ќе се подигне нивото на хотелиерската услуга, рече Ивановски.

Претседателот и управен директор за Европа потенцира дека кога донесуваат одлука за изграба на некој хотел гледаат да бидат исполнети неколку услови локација, добар проект и добар партнер.

- Можам да кажам дека со овој проект се исполнети сите. Од макроекономска гледна точка досега не сме биле во просторите на поранешна Југославија. Македонија е првата земја во која градиме Хотел. Локацијата е извонредна, и јас самиот би ја избрал истата, како што го направи тоа Ивановски, чија компанија е исклучително добар партнер, истакна тој.

На потпишувањето присуствуваа амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Изградбата на хотелот во Скопје е прва инвестиција на Мериот Интернешнл на Балканот. Компанијата поседува повеќе од 3.400 хотели во 70 земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...