|
|
|
ССМ и КСС придружни членки на Светската конфедерација на синдикатиСкопје, 28 март 2011 (МИА) - Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати станаа придружни членки на Светската конфедерација на синдикати. Одлуката е донесена на седница на Извршниот комитет на Светската конфедерација на синдикати во февруари годинава во Брисел.
Членството им овозможува активно партиципирање во сите органи и тела на оваа светска организација. За лидерите на двата синдикати членството претставува голем успех и признание за нивното делување, за напорите во справувањето со светската економска криза, како и признание за социјалниот дијалог кој започна да функционира со формирањето на Економско-социјалниот совет.
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, кој денеска присуствуваше на свеченоста на која беше објавено членството на двата синдикати во оваа организација, рече дека ова претставува напредок за синдикалното движење, но и обврска на Владата која отсега натаму ќе има соработка не само со репрезентативни синдикати, туку и со синдикати зачленети во една светска синдикална организација.
Светската конфедерација на синдикати е меѓународна организација која ги застапува интересите на работниците во светот. Во неа членуваат 301 организација од 151 држава со вкупно 176 милиони членови. Основана е на Конгресот што се одржа од 1 до 3 ноември 2006 година во Виена.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
|
|
|
|