Самарас: Нема повеќе штедење во Грција

Атина, 9 март 2013 (МИА) - Грчкиот премиер Андонис Самарас и вети денеска дека во Грција, која е погодена од рецесија, повеќе нема да има мерки за штедење. 

- Нема повеќе да има мерки за штедење. Штом ќе биде остварен стопанскиот раст, ќе почнат мерки за олеснување, порача премиерот. 

Самарас меѓутоа напомена дека грчката економија се уште не излегла „од интензивната нега, се уште не излегла од болница“. 

Претставниците на тројката кредитори, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, моментално во Атина ги проверуваат чекорите, кои Грција ги презела за да ги исполни обврските во рамки на програмата за помош, која и е одобрена. 

Проблематичните ставки, со кои Атина треба да се избори се намалување на бројот на работниците во јавниот сектор, забрзување на приватизацијата и докапитализација на четирите најголеми банки. Инспекторите на тројката го продолжија престојот во Атина за една недела и го откажаа закажаниот состанок со Самарас. Премиерот меѓутоа истакна дека нема проблеми во преговорите. 

Согласно условите договорени во рамки на програмата за помош, Грција треба да укине 25 илјади работни места во јавниот сектор оваа година и вкупно 150 илјади до крајот на 2015. 

Презадолжената Грција, минува низ шесттата година на рецесија и се потпира на пакетот меѓународна помош за да избегне банкрот. Враќањето на стопанскиот раст, претходно прогнозиран за 2012 година, сега не се очекува пред 2014 година. 

ЕУ и ММФ од 2010 година за помош на Грција издвоија 240 милијарди евра. Исплатата на следната транша помош, вредна 2,8 милијарди е предвидена за крајот на овој месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
- ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...