Ако се отворат банките

Седум милијарди евра ќе се повлечени од Кипар во вторник

Никозија, 22 март 2013 (МИА) – Седум милијарди евра ќе бидат повлечени од Кипар ако банките на островот почнат со работа во вторник. Брисел бара од Никозија да замрзне секакво движење на капитал, вложен во кипарски банки за да биде избегнат банкрот на државата, објави Катимерини, повикувајќи се на европски извор.

Изворот вели дека ако банките бидат отворени во вторник, можно е повлекување на повеќе од седум милијарди евра.

– Ако не биде замрзнато движењето на банкарските капитали, можно е банките да бидат пред банкрот и кипарската држава да има потреба од многу поголем капитал, за да покрие гаранции за сите депозити до 100 илјади евра, додал изворот.

Улиците во Кипар се празни, пазарот и трговијата на островот се замрени целосно, државата е пред банкрот, синдикатите во исчекување на следните чекори на Владата, објавува весникот.

Провладиниот Симерини тврди дека Никозија и еврогрупата се близу до постигнување договор и кипарскиот парламент ќе гласа за нацрт-закони за преструктуирање на банкарскиот систем.

Пред зградата на парламентот и денеска почнаа да се собираат стотици граѓани незадоволни од политиката на т.н. Тројка (ЕК, ЕЦБ и ММФ). Има силно полициско присуство. Пред банкоматите има долги редови. Најмногу луѓе се пред Народната банка за која постојат непотврдени информации дека ќе биде затворена. Централната банка негираше, а раководството донесе одлука да се ограничи повлекувањето пари до – 260 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...