Србија до 2020. целосно ќе биде покриена со автопати

и вклучена во системот на европската патна мрежа

Виена, 29 мај 2013 (МИА) - Српскиот министер за регионалниот развој Верица Калановиќ изрази денеска увереност дека до 2020 година Србија ќе биде целосно покриена со мрежа од автопати, инфраструктурно поврзана со соседните земји и вклучена во европската патна мрежа.

- Не создаваме инфраструктура само за себе и за подобрување на сопствената патна мрежа, туку ја гледаме Србија здраво поврзана со соседите и вклучена во големите коридори, нагласи Калановиќ на средба на министрите за градежништво и инфраструктура на земјите од Западен Балкан во Виена.

Таа спомена дека Србија ја наследила од поранешна Југославија инфраструктурата, која повеќе не одговара на денешните услови, бидејќи стратешки била ориентирана да ги поврзува големите југословенски градови. Единствениот модерен автопат, наследен од Југославија е Братство и единство, кој поврзува само три српски градови или само една третина од населението во земјата.

- Поради тоа српската Влада усвои стратегија, која предвидува до 2020 година речиси сите градови со население над 100 илјади лица (такви во Србија има 18) да бидат поврзани со мрежа од модерни патишта, што значи нови илјада километри патишта, рече Калановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто Трпе има дупче на фрижидерот?
- За да провери дали му се гаси сијаличката кога ќе ја затвори вратата.

* * *
Некој Влав го прашува синот на полу-матура:
- Сине, кажи...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем...
1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој...
1819.- Република Колумбија доби независност....
1847.- Роден е германскиот сликар и графичар...