Реконструирани училишни згради во Струмица и Банско со поддршка на УСАИД

Струмица, 5 јуни 2013 (МИА) - Во општинското средно училиште „Никола Карев” во Струмица   денеска беше одбележано завршувањето на проектот меѓуетничка толеранција во образованието, финасиски поддржан од Европската команда на американската војска и УСАИД во Македонија.


Проектот почна да се реализира минатата година со вклученост на родители, наставници и ученици. Тој овозможи подобрување на општите услови за работа и ја поттикна мегуетничката интеграција. Во ОСУ „Никола Карев” беа  заменети старите железни  со нови од алуминиумски прозорци.

- Нашето училиште и досега важеше за училиште во кое владее толеранцијата и соработката меѓу учениците од македонската и турската заедница. Во рамките на овој проект напрививме исчекор повеќе во заедничката соработка со средно училиште од Тетово, каде се родија нови пријателства мегу учениците и наставниците, рече директорот на училиштето Слободан Вета.

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев во име на граѓаните и учениците од Струмица и Банско искажа благодарност до УСАИД и ја нагласи потребата овој проект во иднина да биде негуван и надоградуван од сите етнички заедници.

- ОСУ „Никола Карев” и понатаму останува пример на регионално училиште во кое македонските, турските и ромските ученици заедно ќе стекнуваат нови знаења и ќе ја развиваат толеранцијата и интеграцијата во нашата мултиетничка, мултиконфесионална и над се мултикултурна држава, подвлече градоначалникот Заев.


Џенифер Коноли од канцеларијата на УСАИД за демократски развој  истакна задоволството што помошта од американскиот народ стигнува на вистинското место и се користи за вистински вредности.


- Огромно е моето задоволство да бидам овде во ОСУ „Никола Карев”, едно од 11-училишта кои беа реновирани во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Вашиот ангажман уште еднаш ги потврдува моите информации дека овде има професори и родители ентузијасти кои навистина работат на полето на негувањето на различностите  и толеранцијата, рече  Коноли.


Коноли и Заев го посетија и подрачното училиште „Маршал Тито” во Банско,н каде со овој проект се изврши замена на покривот на училишната зграда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...