|
|
|
Реконструирани училишни згради во Струмица и Банско со поддршка на УСАИД Струмица, 5 јуни 2013 (МИА) - Во општинското средно училиште „Никола Карев” во Струмица денеска беше одбележано завршувањето на проектот меѓуетничка толеранција во образованието, финасиски поддржан од Европската команда на американската војска и УСАИД во Македонија.
Проектот почна да се реализира минатата година со вклученост на родители, наставници и ученици. Тој овозможи подобрување на општите услови за работа и ја поттикна мегуетничката интеграција. Во ОСУ „Никола Карев” беа заменети старите железни со нови од алуминиумски прозорци.
- Нашето училиште и досега важеше за училиште во кое владее толеранцијата и соработката меѓу учениците од македонската и турската заедница. Во рамките на овој проект напрививме исчекор повеќе во заедничката соработка со средно училиште од Тетово, каде се родија нови пријателства мегу учениците и наставниците, рече директорот на училиштето Слободан Вета.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев во име на граѓаните и учениците од Струмица и Банско искажа благодарност до УСАИД и ја нагласи потребата овој проект во иднина да биде негуван и надоградуван од сите етнички заедници.
- ОСУ „Никола Карев” и понатаму останува пример на регионално училиште во кое македонските, турските и ромските ученици заедно ќе стекнуваат нови знаења и ќе ја развиваат толеранцијата и интеграцијата во нашата мултиетничка, мултиконфесионална и над се мултикултурна држава, подвлече градоначалникот Заев.
Џенифер Коноли од канцеларијата на УСАИД за демократски развој истакна задоволството што помошта од американскиот народ стигнува на вистинското место и се користи за вистински вредности.
- Огромно е моето задоволство да бидам овде во ОСУ „Никола Карев”, едно од 11-училишта кои беа реновирани во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Вашиот ангажман уште еднаш ги потврдува моите информации дека овде има професори и родители ентузијасти кои навистина работат на полето на негувањето на различностите и толеранцијата, рече Коноли.
Коноли и Заев го посетија и подрачното училиште „Маршал Тито” во Банско,н каде со овој проект се изврши замена на покривот на училишната зграда.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели: "Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?" "Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
|
|
|
|