Руска мина во грчката економија

Во моментот кога грчката економија се обидува да застане на нозе и ги покажува првите знаци на живот после шест години рецесија, се појавуваат серија надворешни фактори кои го ставаат под сомнеж процесот на нејзиното зацелување.

Таков катализатор за негативни последици кој би можел да дојде од надвор е ситуацијата во Русија и Украина, но во економскиот тим во владата веќе отворено се покажува тревога во однос на целосниот развој на економиите во Европа.

Во врска со тоа, прогнозите за иднината на грчката економија се следат внимателно од грчкото министерство за финансии во Атина, како и од тројката меѓународни кредитори на Грција. Согласно среднорочната програма на кабинетот, оваа година грчката економија се очекува да се развива со темпо од 0,6 проценти, кое во 2015 ќе порасне на 2,9 проценти.
Се проценува дека за 2014 година геополитичките процеси нема да влијаат врз економијата, и покрај фактот што руското ембарго за доста земјоделски производи веќе влезе во сила.

Но во прогнозите за 2015 година ја нема истата увереност. Во економскиот тим на владата не сметаат дека грчката економија ќе биде непоправливо засегната, но претставници од министерството за финансии признаваат дека редица фактори претставуваат ризик за постигнување на таквото темпо на развој, какво што било предвидено.

За Грција најзначајни извори за ризици се следните:
Првиот е во областа на извозот. По руското ембарго, редица земјоделски стоки претрпеа голем удар. Тука не станува збор само за стоките кои се планирани да стигнат деновиве во Русија, туку за оние кои се уште стојат во складиштата. Нивното производство предвремено било планирано за да стигнат во следните месеци во Русија.

Освен големата негативна последица од ембаргото врз грчкиот извоз, постои и голема опасност проблемот да добие нови димензии заради фактот што рускиот пазар нема да остане без праски, на пример, туку ќе ги набави од други држави. Истовремено, не е сосема сигурно дека кога русите ќе го подигнат ембаргото, дека тие ќе се вратат кон старите добавувачи.

Конкурентните држави на Грција во производството на овошје и зеленчуци веќе се активираа за да го пополнат вакуумот кој се појави на огромниот руски пазар. А тоа можеби е најголемата опасност за грчките извозници и за грчката економија.

Вториот извор на ризик за Грција е во енергетскиот сектор. Во моментов нема потреба од природен гас, но се наближува зимата, а Грција набавува 60 проценти од синото гориво преку Украина. Очигледно е дека ако кризата помеѓу Украина и Русија ескалира, доставите на природен гас ќе бидат замрзнати. Тогаш грчкиот пазар ќе има потреба од гас и ќе треба да бара поскапи решенија. Трошоците најверојатно ќе пораснат заради високата цена на природниот гас и тоа видливо негативно ќе се одрази врз трговскиот дефицит на Грција.

Третиот извор на ризик се однесува на економската сфера во еврозоната. Пред неколку дена беше соопштено дека германската економија се намалила во второто тримесечје од 2014 година за 0,2 отсто, а со тоа и економскиот раст од претходното тримесечје бил ревидиран малку пониско. Станува збор за еден очекуван развој на економијата, која го тревожи кабинетот на премиерот Самарас.

Во министерството за финансии се зборува за опасноста дека економиите во земјите од еврозоната веројатно нема да се развиваат согласно прогнозите, и дека од тоа ќе биде погодена и Грција. Притоа, евентуалната криза со гасот ќе има последици за доста земји во Европа, кои се примарната дестинација за извоз на грчки стоки.

Грчкиот туризам е четвртиот извор на ризик. Со сигурност геополитичките потреси во Европа ќе влијаат и на приходите од туризмот во Грција. Затоа што сосема е можно европејците да решат да не ја посетуваат Грција. Истото важи и за руските туристи кои претставуваат значаен дел од странските гости во Грција. Податоците покажуваат дека оваа година бројот на Русите кои одмараат во Грција ќе изнесува околу 1,3 милиони, а тоа значи дека ќе потрошат над една милијарда евра.

Очигледно е дека процесите на европската шаховска табла имаат силно влијание врз грчката економија. Една негативна последица по бруто внатрешниот производ би можела да предизвика верижен ефект и да се одрази врз редица економски показатели, како на пример врз дефицитот и долгот на Грција. Ако прогнозите за растот на БДП не се потврдат, тоа би можело да создаде тешкотии за преговорите кои ги води Атина со тројката меѓународни кредитори (ЕУ, ММФ и СБ), кои инсистираат да се пронајдат можности за постигнување на финансиска консолидација и за обезбедување на поголема контрола врз грчкиот долг. Од таа гледна точка, очекуваната ревизија на БДП во септември или октомври би можела да се разгледува и како контрапункт при еден таков негативен развој на нештата.

Катимерини - Атина



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...