Конференција за енергетска безбедност во Западен Балкан

Скопје, 5 ноември 2014 (МИА) - Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) Скопје во соработка со својот партнер Аналитика денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“.

Целта на конференција е да понуди платформа за дискутирање на енергетската безбедност од гледна точка на јавните политики и геополитиката релеватна за регионот од Западен Балкан и да покрене дискусија за предизвиците на енергетската безбедност и за внатрешната подготвеност за справување со нив. 

Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на тема енергетска безбедност во Западен Балкан, вклучувајќи го мислењето на различни чинители.

На конференцијата ќе учестуваат преставници од Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН, претставници од академската заедница, граѓанскиот сектор и дипломатијата.

Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран трудот подготвен од истражувачите од Аналитика,  Андреја Богдановски и Ана Стојиловска насловен „Состојбата со енергетската (не)безбедност во Македонија“ кој ја анализира состојбата со енергетската безбедност во Македонија и ги идентификува главните прашања кои ја отежнуваат подобрената енергетска ситуација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...