Неизвесност во балканските земји по откажувањето на „Јужен Поток“

Софија/Белград/Љубљана, 3 декември 2014 (МИА) - Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија држава беше посочена од Москва како одговорна за руската одлука за откажување од изградбата на гасоводот „Јужен Поток“, денеска изјави дека Софија се уште не добила официјално соопштение од Русија околу ваквата одлука.

- Нашата земја се уште не добила информација за плановите на Русија околу „Јужен Поток“, изјави Борисов во обраќање пред пратениците на бугарското Народно собрание, додавајќи дека неговата Влада за ваквата одлука на Русија дознала од медиумите.

Тој нагласи дека за него како премиер е многу важно да добие поддршка од бугарскиот Парламент за да биде можно спасување на „Јужен Поток“, додавајќи дека на оваа тема утре во Брисел ќе разговара со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск и со спикерот на Европараламентот, Мартин Шулц. 

Борисов нагласи дека за Софија е неприфатливо рускиот гас да ја заобиколува земјата и во Бугарија да доаѓа преку Грција.

- За мене, не претставува диверзификација (на изворите) ако рускиот гас ја заобиколи Бугарија и доаѓа од Грција, нагласи Борисов, додавајќи дека ќе бара од Атина објаснување дали ќе и доставува гас на Софија во согласност со третиот пакет за либерализација.

Борисов во обраќањето пред пратениците изјави дека не може да каже колкави ќе бидат загубите на Бугарија од откажувањето на „Јужен Поток“, бидејќи го нема на увид договорот за изградба на гасоводот.

Српскиот претседател Томислав Николиќ пак изјави дека одлуката на Русија да се откаже од изградбата на гасоводот „Јужен Поток“ е непријатна за Србија, нагласувајќи дека очекува штетите за земјата од оваа одлука да бидат помали отколку што би биле со воведување на санкции кон Русија.

Според Николиќ, нереална е идејата Србија да се приклучи кон евентуален гасовод кој би минувал преку Турција, Грција и Македонија.

- Таквата варијанта не може да се изедначува (со „Јужен поток“) од гледна точка на приходите што би ги донела, изјави Николиќ, додавајќи дека прашањето за снабдувањето на Србија со енергетски ресурси, Белград ќе го разгледува на разговори со Москва, бидејќи земајта не може да се дозволи да остане без систем за дистрибуција на енергенси,

Николиќ смета дека проблемите меѓу Русија и ЕУ околу гасоводот не се поврзани со кризата во Украина, бидејќи тие, според него, започнале уште пред нејзиното избувнување.

- Западот и Истокот си играат мачка и глушец, а Србија страда поради тоа, истакна Николиќ.

Словенечкот премиер Миро Церар изјави дека не е изненаден од одлуката на Русија за откажување на „Јужен Поток“.

- Официјално се уште не сме добиле никакво известување. Но, јас мислам дека тоа е позиција на Русија која не би требало да не изненадува, изјави Церар, додавајќи дека Словенија мора да бара алтернативи за обновливи извори на енергија.

Словенија и Русија во ноември 2009 година потпишаа договор за соработка за изградба и експлоатација на гасоводот „Јужен Поток“ на словенечка територија. Според договорот, низ Словенија требаше да минува траса од гасоводот во должина од 266 километри, чија изградба на земјата ќе донесеше околу милијарда евра странски инвестиции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...